ДијабетесЗдравје кај жени

Зошто нивото на шеќер во крвта е важен параметар во бременоста

Гестациски дијабетес претставува посебен тип дијабетес, кој за прв пат се јавува во бременоста. Во овој период, хормоните од плацентата ја блокираат активноста на инсулинот.

Со блокирањето на активноста на инсулинот, спречен е влезот на гликозата во клетките, а како последица на тоа нивоата на гликоза во крвта растат.

Симптоми на гестациски дијабет?

Најчесто трудници со гестациски дијабет немаат никакви забележливи знаци и симптоми на болеста. Мал број жени имаат низок ризик за гестациски дијабет, па затоа не мора да бидат тестирани( скрининг помеѓу 24-28 гестациска недела).

Ризик фактори за развој на гестациски дијабетес се:

  •  Ако мајката има над 30 години
  • Прекумерна телесна тежина на мајката
  • Семејна историја на дијабетес
  • Гестациски дијабетес во претходната бременост
  • Претходно родено бебе со поголема тежина
  • Претходно имала мртвородено бебе

Кој е најдобриот начин за лекување?

Токму исхраната е од суштинско значење во справување со овој проблем. Најчесто третманот за гестацискиот дијабет всушност е здрава диета и редовно вежбање. Тука спаѓа исхрна богата со протеини, комплексни јаглехидрати и масти, избегнување на благо, газирани благи сокови и бели тестенини. Но доколку и покрај тоа не се постигне ефективна контрола на нивоата на шеќерот во крвта, потребен е медикаментозен третман по препорака од ендокринолог.

Реклама biskviti za deca

Подготовка за бременост

Пред да ја испланирате својата бременост, мора да се консултирате со вашиот гинеколог.  Преку тестови ќе се одреди нивото на шеќер и ќе ве советува како да го контролирате истото.

Тестот на крвта наречен гликолизиран хемоглобин тест (HbA1c) може да помогне за да се оцени колку шеќерот во крвта бил под контрола во текот на изминатите 8 до 12 недели.

Контролата и одржувањето на нормални нивоа на шеќерот во крвта е особено важна пред забременувањето и во првите 2 месеци од бременоста. Високото ниво на шеќер во крвта во раниот период од бременоста може да доведе до аномалии кај плодот, но и да го зголеми ризикот од спонтан абортус.


Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button