Исхрана

Флекситаријанска диета

Флекситаријанството настанува од извор на два збора – флексибилност и вегетаријанство.
Флекситаријанската прехрана се темели на следниве намирници:

  1. тзв ( ново месо) кое вклучува – тофу, соја, семиња и јајца.
  2. житарици
  3. млечни производи (по можност со помалку масти)
  4. зачини или засладувач на природна база (избегнувајте шеќери)

Со оваа диета, дневно внесувате 1500 калории, што е одличен старт за губење на вишок килограми.
Диетата е поделена на три големи оброци и меѓуоброци.

Во текот на денот слободно може да конзумирате кафе и чај, доколку сте љубители на шеќер (користете засладувач на природна база или мед) и млеко без масти.

Појадок

кришка леб од целосни житарици со посно сирење (можете да додадете и црвена пиперка или свежа зелена пиперка)

Меѓуоброк – 1 јаболко

Реклама biskviti za deca

Ручек

вегетаријански бургер (пециво од целосни житарици, тофу мајонез, сеитан и неколку листови зелена салата по избор) и сезонско овошје

Меѓуоброк – една шака јаткасти плодови по избор (лешници,бадеми,сончоглед)

Вечера

Доколку имате ВОК тава тоа би било супер и вечерата би можеле да ја спремите во таа тава, а доколку немате, тоа не претставува никаков проблем и ќе можете да ја приготвите на следниот начин.
Мешан свеж зеленчук по ваш избор, две капки маслиново масло, зачин по избор и додадете ѓумбир.
Сварете помалце од пола чашка свеж бел диетален ориз.

Напомена: Овој вид на диета нема да ги задоволи љубителите на месо.

Пријатен апетит !

Миа Симоновска

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button