Психологија

5 мотивациони навики за подобар живот

Обично навиките е одлик на нас самите. Во просек потребни се околу 20 дена за да човек оформи некоја навика. Ви предлагаме неколку работи кои е добро да ви прераснат во навика.

Ентузијастичко читање

Ако ги замените часовите на седење пред ТВ, компјутер или телефон  со читање корисна и интересна книга, тогаш ќе станете најпаметната личност меѓу вашата околина. Побрзо ќе ги наоѓате одговорите на прашања, ќе бидете по интересен во комуникација за вашата околина, многу работи ќе се случуваат сами по себе.  Како што рекол Марк Твен: „Тој што не чита добри книги нема предности пред лицето кое што чита книги“.

Рано будење

Сите успешни луѓе се ранобудници. Има нешто посебно и магично е во раното станување. Овој дел од денот, кога светот сè уште не се разбудил, е најважен и инспиративен. Оние што се будат пред зората, тврдат дека нивниот живот станал исполнет и енергичен. Обидете се и станете рано, а после еден месец или два ќе жалите зашто тоа не сте го направиле порано.

Способност за поедноставување на работите

Стекнете ја способноса за поедноставување на работите. Едноставно елеминирајте го непотребното и бескорисното. Иако ова бара долга пракса, сепак на крајот дава позитивен резултат. Колку е поедноставен вашиот живот, толку повеќе ќе можете да уживате во него.

Забавување

Невозможно е да уживате во животот во постојан стрес и хаос. Застанете, пронајдете време за себе, слушнете се себеси и вашиот внатрешен глас. Обрнете внимание на сè што ви е важно. Создадете навика да станувате порано за да медитирате и размислувате. Забавете го темпото на живот и тогаш тоа по кое што сте трчале ќе ве стигне.

Реклама biskviti za deca

Вежбајте

Редовна активност ве одржува здрави. Ако сега немате време за спорт, порано или подоцна ќе го најдете за да го одржите вашето здравје. Вежвањето не мора да биде само во теретана, може истото да го обавувате и дома.

Пробајте секој дневно да одвојувате по  30 мин или еден час време за да се стекнете со нови продуктивни навики. Вреди да се проба, а резултатот ќе биде одличен.


Лиа Барбун

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button