КожаСтручна Помош

д-р Т. Поповски – Уртикарија и Ангиоедем

Алергиските болести се доста честа патологија во дерматолошките ординации, а меѓу нив најфреквентни се уртикаријата и ангиоедемот. Имаат идентична етиологја и патогенеза. Kај 45-50% од  пациентит ги има двете состојби, 40-45% од болните се само со ерупција на уртики и 10-12% само со манифестација на ангиоедем.

Уртикарија (urticaria, копривна треска) e предизвикана од алергиска реакција, локализирана на кожа која е отечена, црвена, релјефаста, присутен е и јадеж и пецкање. Според времето на траење може да биде акутна која трае неколку недели или хронична уртикарија која трае многу повеќе.

Предизвикувач на оваа алергиска реакција може да биде лек, козметика, храна, адитиви, габи, бактерии, цревни празити, вируси, прашина, полен влакна, пердуви како и непозната причина.

Постојат различни типови на уртикарија:

Имунолошки условена уртикарија.

Реклама biskviti za deca

Фармаколошки условена уртикарија.

Физикална уртикарија – 15-20% од сите уртикарии имаат физикална генеза.

  • Urticaria factitia ( Уртикарија која настанува под дејство на притисок и триење на кожата)
  • Urticaria presione ( Уртикарија која настанува под дејство на притисок по 20 мин.)
  • Urtica holinergica ( Уртикарија која се јавува при телесен напор, потење или емоционална возбуда)
  • Urticaria e figure/calore ( Уртикарија при контакт со топло или ладно)
  • Urticaria photogenic ( Уртикарија предизвикана од светлина со одредена бранова должина пример при сончање urticaria solaris).

Неразјаснети (идиопатски) форми.

Дијагнозата се поставува врз основа на детална анамнеза, клиничка слика, методи на елиминација и експозиција како и алерготестирања, но во соодветни услови.

Терапија  подразбира елиминација на алерген, сторга диета и антиалергиска терапија која може да биде перорална или парентерална.

д-р Т. Поповски
ПЗУ ОМНИС

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button