Здравје од А до ШКардиоваскуларен систем

Сè што треба да знаете за срцев удар или инфаркт: ризик фактори, симптоми, дијагноза и терапија

Акутен миокарден инфаркт е изумурање на дел од срцевиот мускул поради ненадејно прекинување на циркулацијата кај дел од некоја од артериите кои го хранат срцето.

Акутниот инфаркт е последната фаза или само една од формите во развојот на коронарна болест. Тука спаѓаат: исхемична срцева болест, ангина пекторис, нестабилна ангина, вазоспастична ангина и асимптоматска миокардна исхемија.

Најчести ризик фактори 

  • Возраст: Мажи над 45-годишна возраст и жени над 55-годишна возраст .
  • Пушење:  Пушењето или долготрајната изложеност на пасивно пушење ги оштетуваат ѕидовите на крвните садови вклучувајќи ги и артериите кои го снабдуваат срцето со кислород.
  • Висок крвен притисок: ги оштетува артериите и го забрзува процесот на атеросклероза при што настанува задебелување, стеснување и запушување на ѕидовите на крвните садови на срцевиот мускул и последователно на тоа, намалена циркулација и некроза (изумирање на дел од мускулот). Висок крвен притисок  најчесто се јавува како последица на дебелина, пушење, висок холестерол и дијабетис.
  • Високи вредности на холестерол: холестеролот се таложи на ѕидовите на крвните садови кои со текот на времето го намалуваат протокот на крв и доведуваат до нивно запушување.
  • Дијабетес: неконтролираните вредности на шеќер во крвта го зголемуваат ризикот од срцев удар.
  • Семејна историја на срцев удар: доколку вашите браќа, сестри, родители или баби и дедовци имале срцев удар, тогаш постои можност дека и вие ќе страдате од инфаркт.
  • Недоволна физичка активност: доведува до обезност и зголемени вредности на холестерол во крвта. Лицата кои се физички активни го намалуваат севкупниот ризик од срцев удар. Вежбањето исто така е позитивно во намалување на високиот крвен притисок.
  • Дебелина: вишокот на килограми претставува ризик за срцеви заболувања, бидејќи е поврзано со зголемени вредности на холестерол, дијабетес и висок крвен притисок.
  • Стрес: како последица на стрес може да го зголемите ризикот од срцев удар.
  • Дијализа: Пациентите на дијализа имаат за 10 пати поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања во споредба со здравата популација на иста возраст. Кај нив ризикот е висок како и кај пациентите кои веќе имале срцев удар.

Симптоми

  • Тегоби во градите (т.н. граден дискомфорт) манифестирани како градна болка, притисок, стегање, тежина во градите. Тегобите се чувствуваат најчесто во пределот на градната коска
  • Непријатност во други делови од телото како болка, стегање во рамењата, грбот, многу почесто во левото рамо, но понекогаш и во десното, потоа во горниот дел од стомакот, во вратот и долната вилица
  • Отежнато дишење, односно чувство на недостиг на воздух
  • Мачнина, гадење, нагони за повраќање
  • Општа слабост и умор
  • Препотување со ладна пот
  • Забрзана срцева работа, но може да се јави и забавена или неправилна срцева работа, односно аритмија
  • Крвниот притисок е обично покачен, а поретко тој е низок, дури понекогаш и немерлив

Терапија и дијагноза

Првиот чекор што треба да се преземе при акутен инфаркт е да се прекине активноста што довела до болка. Понатаму, да се стави нитроглицерин под јазикот и да се контактира лекар или итна медицинска помош.

Присуството на инфаркт најчесто може да се утврди со евидентирање на ЕКГ, ехокардиографија и специфични лабораториски тестови.

Пациентите со акутен миокарден инфаркт се сместуваат во коронарната единица и се третираат по протокол. Кај луѓето кои имале акутен миокарден инфаркт одредени лекови има најголем ефект во период од помалку од 2 часа од почетокот на болката. Од витално значење е поставување на стент во тој временски период .

Реклама biskviti za deca

Ниту еден срцев удар не е ист

Првите знаци и симптоми кај секој пациент се различни. Пациенти кои веќе имале срцев удар може повторно да го доживеат истото, но со различни симптоми. Понекогаш симптомите на срцевиот удар не може лесно да се препознаат и се припишуваат на друга состојба како проблеми со желудникот, замор или болки во мускулите. Затоа веднаш побарајте итна медицинска помош.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button