Здравје кај жениТироидна жлезда

Недостаток на железо кај трудниците е поврзан со проблем на тироидната жлезда

Во споредба со мажите, за кои дневна препорачана доза за внес на железо е 8 мг., жените имаат поголеми потреби за овој минерал особено во текот на бременоста, кога дневна препорачана доза е 27 мг.

Нискиот внес на железо може да доведе до развој на анемија, која сѐ уште претставува светски проблем, а во текот на бременоста е поврзан со компликации како спонтан абортус и предвремено породување.

Бидејќи дисфункцијата на тироидната жлезда е исто така поврзана со компликации во бременоста, а железото е важно во производството на тироидните хормони, новата белгиска студија испитува дали недостаток на железо е поврзано со дисфункција на оваа важна жлезда.  Студијата проследила околу 1.900 бремени жени во текот на првиот триместар и ги проценила нивните резерви на железо и функцијата на тироидната жлезда.

Резултатите покажале дека дури 35% од испитаниците имаат недостаток на железо, а меѓу нив, забележан е напреден автоимун процес на тироидната жлезда во 10%. За споредба, кај трудници со нормално ниво на железо, 6% покажале автоимуно нарушување. Понатаму, студијата покажа дека 20% од жените со недостаток на железо имаат субклинички хипотиреоидизам, споредено со 16% кај останатите учесници. Инаку, субклиничкиот хипотиреоидизам се карактеризира со покачено ниво на TSH.

Бидејќи зачуваната функција на тироидната жлезда е исклучително важна за правилен развој на бебето, овие резултати ја потенцираат важноста на внесување доволно железо пред и за време на бременоста.

Реклама

Сепак, истражувањата се во тек и во следниот чекор треба точно да се потврди дали недостаток на железо предизвикува проблеми со тироидната жлезда или проблеми со тироидната жлезда доведуваат до недостаток на железо.

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button