Зошто мажите страдаат од еректилна дисфункција

Зошто мажите страдаат од еректилна дисфункција

Еректилна дисфункција (ЕД) кај мажите претставува трајна неспособност за постигнување и одржување на ерекцијата доволно да обезбеди задоволувачка сексуална активност. ЕД може да биде минимална, умерена и комплетна.

Според патофизиолошкото потекло, ЕД може да биде васкулогена, неурогена, анатомска (болести и аномалии на пенис), хормонална, јатрогена и психогена. Како посебни причинители се наведуваат: старост, хронична бубрежна слабост, diabetes mellitus.

Васкулогена ЕД може да се случи од две причини:

поради намален артериски доток на крв во пенисот

-поради зголемен венски одлив од пенисот

Психогена ЕД

Психогена ЕД може да биде примарна и секундарна. Причините за примарната ЕД лежат во минатото на пациентот (сексуална злоупотреба, понизок социјалниот статус, образование)

Секундарната психогена ЕД се јавува од страв, депресија и проблеми во врска со партнерот.

Неурогена ЕД може да се јави поради пореметување на централните и периферни контролни механизми. Така постои супраспинална, спинална и периферна неурогена ЕД.

Анатомската ЕД се јавува како последица на многу болести и состојби меѓу кои важно место заземаат следниве: микропенис, хипоспадија, еписпадија,конгенитални курватури на пенисот, induratio penis plastica, фрактура на пенис и др.

Хормоналната ЕД најчесто се јавува поради хипогонадизам, хиперпролактинемија, хипер или хипотиреоидизам.

Јатрогена ЕД се создава поради: хируршки интервенции, медикаменти, радиотерапија на карлични органи

Дијагноза:

Дијагностичката постапка за ЕД содржи основни и специјални испитувања.

Основните испитувања вклучуваат анамнеза, физикален преглед (уролошки, неуролошки, ендокринолошки, васкуларен), лабараториски испитувања (посебно глукоза, липиден профил, хормонален статус, ПСА ), пополнување посебни прашалници за медицинско, социјално и сексуално согледување.

Специјалните испитувања се однесуваат на фармаколошки тестови (тест со интракавернозни инјекции PgE1), Колор Допплер (CDI) крвни садови на пенисот, артериографија и инфузна кавернозометрија и кавернозографија, специјални психијатриски, ендокринолошки, уролошки и неуролошки испитувања.

 Лекување:

Постојат следниве терапијски опции за ЕД:

– орална фармакотерапија,

– топична фармакотерапија,

– интрауретрална фармакотерапија,

-вакум пумпи,

-интракавернозни инјекции,

– комбинирана терапија,

-пенилни протези.


 

Коментари