Јапонска уметност на дијалог без караница
Мажите и жените разговараат на различни јазици. Таа не објаснува, тој не забележува…
Дали некогаш сте се запрашале зашто не се разбирате со вашиот соговорник, иако разговарате на ист јазик? Ви треба преведувач?!
Тоа што го зборувате вие, вашиот соговорник како да не го разбира, а тоа доведува до недоразбирање и кавга.
Дали во глава постојано ви се вртат овие прашања: Како да најдам заеднички јазик со овој човек? Како подобро да ги разберам моите колеги од спротивниот пол? Како да не ја доведувам ситуацијата до кавга и да ги смирам работите со мојата втора половина?
Ќе се обидеме да Ви ги објасниме разликите помеѓу машките и женските способности на изразување на своите мисли и чувства.
Тој не претпоставува
На мажот не му е силна страна да ги препознава чувствата и мислите на тие околу него. Од страна гледано, тоа може да се чини како рамнодушност.
Во секојдневниот живот неговиот мозок е многу прибирлив за секаков вид на информации.
На пример, тој нема да примети дека неговата девојка се шишала (ја сменила фризурата), а тоа негово невнимание неа може да ја навреди.
За таквото невнимание мажите не се криви, бидејќи при традиционално воспитување на момчињата можат да се забележат коментарите од типот „не обрнувај внимание на глупости”.
Во тие услови момчето прераснува во маж кој што не обрнува внимание на ситници и не перцепира сигнали.
Особено ова е случај кај децата кои што биле најстари во семејството или се единци.
Таа не објаснува
Од другата страна пак, жената многу добро забележува што мислат и што чувствуваат другите. Способност кон претпоставки кај жената е многу поразвиена, отколку кај мажот.
Жената како да има некој сензор за препознавање на ситни детали и способност за брзо префрлување од тема на тема во било кој разговор.
Затоа, тоа што мажот и жената некогаш не се разбираат, не е изненадувачко.
Традиционално жената од памти век се занимавала со домот и семејството. Затоа е многу чувствителна кон постапките и однесувањата на другите. Особено кога станува збор за здравјето на децата и семејството, се чини жената е посебно внимателна.
Во исто време мажот се занимавал со лов и чување на живеалиштето, заради што кај него се развиени сосема други способности. Така на пример во денешно време мажот и понатаму многу лесно се снаоѓа во било кој простор.
Преплет на свeтови
Уште од стари времиња односот меѓу мажот и жената се формирал така што наликува на еден вид танц.
Мажот ја води партнерката, а партнерката треба да има осет за да го следи секој чекор на партнерот.
Така и во односот „Мажот води, жената следи“ долго се земал за пример како општествена норма од старите времиња.
Но, во денешно време жената во голема мера се стекнала со лидерските способности на мажот, заради што улогите малку се променети.
Често се вели дека мажите ништо не забележуваат, а жените пак за разлика од мажите, не умеат ништо да објаснат, дури понекогаш и не ни пробуваат.
На пример, кога станува збор за некои проблеми на работа жената прво ја искажува емоционалната состојба- „Ова е ужас, катастрофа!“.
Пред воопшто да ја каже суштината на проблемот, жената ги искажува чувствата и се фокусира на деталите. Заради оваа ситуација мажот извлекува заклучок дека жената не знае да објаснува.
Додека, пак, мажот во истата ситуација по логичен редослед и прецизно ќе го објасни пробемот, што е мошне важно во бизнисот и работата со бројки и логика.
Во такви ситуации мажот од жената бара „машка реакција“ прецизност и јасност за состојбата. Најчесто во таква работа претпоставен маж сака да има работа со маж, сметајќи дека жената е премногу емоционална.
„Што тука не е јасно?“ – забранета фраза
Во љубовните односи, пак, девојката не само што не објаснува, туку во многу случаи молчи мислејќи дека момчето само треба да сфати зашто се налутила.
А тој е во паника и се прашува како да сфати нешто кога таа ништо не објаснува. И тука настанува класична караница меѓу двајца.
За да не се завлечат во виорот на кавга, жената едноставно треба да му прости на мажот за неговото не сфаќање и конкретно да му каже што и смета, тогаш сигурно мажот ќе ја осознае грешката и ќе има можност да ја поправи.
Има и ситуации кога мажот не може да објаснува, а тоа се моменти кога треба да си ги искаже чувства.
Се вели дека мажот не умее да си ги опише чувствата. Заради тоа што има помала врска помеѓу двете хемисфери на мозокот, левата која што е одговорна за говорот и десната која е одговорна за чувствата.
Од минатото е останато дека мажот не треба да разговара за чувствата, па затоа не е чудно што не може да ги искаже емоциите.
Запомнете
Мажот треба внимателно да ги следи промените кај својата партнерка, како емоционални, така и фицички. Жената пак, не треба веднаш да се впушта во емоции и треба да се обиде да каже што не е во ред.
Магичните реплики:
М: „Денес изгледаш прекрасно, некако невообичаено“
Дури и да не сте приметиле, на жената ќе и значи вашето внимание.
Ж: „Сега XXX, а јас сакам YYY”
Moжеби оддеднаш нема да можете да објасните за да ве сфати вашиот партнер, но имајте трпение и објаснувајте полека.
Извадоци од книга на Танцуари Јота, експерт за комуникација