ДијабетесЗдравје кај деца

“Зошто јас?”- мојата прва реакција кога дознав дека имам дијабетес

Mоето име е Тања Шатановска, имам 27 години и скоро 22 години живеам со дијабетес тип 1. Ми беа потребни 12 години за да прифатам дека имам дијабетес и уште дополнителни 4 години за да сфатам какви сѐ последици можат да настанат доколку не го регулирам редовно.

Мојата приказна за тоа како го добив дијабетесот ќе ја разберат сите оние, особено децата и тинејџерите кои се нашле во истата ситуација, но и родителите кои се обидуваат да дознаат како нивните деца размислуваат и како го доживеале моментот кога им бил дијагностициран дијабетесот.            

Зошто јас?

Едно од прашањата кои децата најчесто си го поставуваат е: “Зошто јас?”. Истото прашање си го поставив и јас. Иако имав само 6 години кога ми го открија дијабетот, сепак, тој момент го паметам како да беше вчера.

Симптомите ги имав беа зголемено чувство на жед, често мокрење, зголемен апетит и губење на телесната тежина. Се сеќавам дека, иако пред тоа не јадев благо, ниту торти на родендени, во тој период знаeв да изедам чоколада од 100 грама наеднаш, а сепак слабеев.

Слабеењето го приметија и моите учителки во градинка. По што им укажаа на моите родители дека со мене нешто не е во ред и дека треба да ме однесат во болница.

Реклама biskviti za deca

Уште следниот ден, отидовме во болница, каде што ми беа направени низа тестови, по што веднаш ја добивме дијагнозата. Дијабет тип 1.  Вредноста на глукозата во крвта треба да изнесува помеѓу 5,0-7,2 mmol / l. Но, кај мене нивото на глукоза во крвта изнесуваше 12 mmol / l.

За мене тоа ништо не значеше, но за моите родител беше шок.  Прв пат се соочија со оваа болест за која немаа никакво познавање. Но, сепак знаеа дека е опасно доколку не се превземат одредени мерки.

После неколку часа откако ми беше дијагностицирана болеста, докторите на моите родители  им објаснија се за оваа болест. Како да се регулира, за начинот на исхрана и се друго што треба да се знае, за да може да се води нормален живот.

Што понатаму?

Следниот тежок чекор беше што требаше да и објаснат на својата 6 годишна ќерка за оваа болест. На наједноставен начин се обидоа да ми објаснат за тоа што претставува дијабетот, како и за тоа дека треба да го променам начинот на исхрана. На почетокот, не разбирав што точно претставува тоа, но,кога ми кажаа дека не смеам да јадам благо, ми стана јасно.

Заедно со мојата мајка останав една недела во болница, за да се направат испитувања со цел да се утврди каков тип на инсулин ќе треба да користам и како тој ќе влијае на мојот организам. Но, најтешкиот момент следуваше кога ми соопштија дека инсулинот ќе мора да го добивам со боцкање, со игла. Иако бев мала знаев што претставува иглата. Знаев колку боли. Тогаш  првпат се запрашав – зошто токму мене ова ми се  случува.

Сепак, моите родители и сестра ми  вложија  многу сили  да ми помогнат да ја прифатам болеста и да научам како да го одржувам под контрола нивото на гликозата во крвта.  Иако чувствуваа страв, сепак сознанието дека може нормално да се живее со оваа болест, беше мотивација. Причина плус беше што секојдневно зборуваа со мене на оваа тема и чекор по чекор ме учеа како треба да се однесувам.

Поддршка

За време на таа недела додека бев во болница, дојдоа многу други дечиња на кои им беше дијагностицирана истата болест. Се сеќавам дека цело време ги прашував моите родители дали и тие имаат дијабетес како мене. Дури ги прашував и дали може да се смениме – тие ја имаат мојата болест наместо мене.

За време на таа недела додека бев во болница, дојдоа многу други дечиња на кои им беше дијагностицирана истата болест. Се сеќавам дека цело време ги прашував моите родители дали и тие имаат дијабетес како мене. Дури ги прашував и дали може да се смениме – тие да ја имаат мојата болест наместо мене.

После една недела, ме пуштија дома. Бев многу среќна, но сѐ уште не бев свесна за предизвици кои ме очекуваат. Како и за фактот дека еден дел од мојот живот засекогаш ќе биде променет.

Ако сакате да дознаете повеќе за начинот на живот и предизвиците со кои лицата со дијабетес секојдневно се соочуваат, посетете го мојот персонален блог www.diabetesismylife.com/ 


  Тања Шатановска

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button