Здравје кај децаСтручна Помош

Мирјана Мицоска: Децата со аутизам не живеат во свој свет, тие само го доживуваат светот на поинаков начин

Аутизам- нарушување на невролошкиот развој кое се одликува со намалена способност за социјализацијa и комуникација со ограничено и повторливо однесување. Најчесто се појавува во првите три години од животот на детето.

Карактеристики на децата со aутизам:

  • Детето не воспоставува контакт со очи.
  • Има потешкотии во разбирање на чувствата на другите деца.
  • Не покажуваат емпатија кон другите.
  • Избегнува игра со врсниците.
  • Не одговара на ниту еден збор на возраст од 16 месеци.
  • Не реагира кога некој го повикува неговото име.
  • Повторува бројки,букви или ТВ реклами.
  • Може да се појави комплетно отсуство на говор.
  • Преосетливи или неосетливи на звуци.
  • Многу од децата со аутизам одат на прсти.

Совети кои би ви биле од корист:

  • Аутизмот не е ментална болест.
  • Зборувајте јасно и едноставно.
  • На дете со аутизам му е потребно трпение и разбирање, затоа бидете трпеливи и насмеани.
  • Употребувајте едноставен и прецизен јазик кога водите разговор и кога давате инструкции.
  • Користете повеќе визуелни инструкции.
  • Разговарајте на тема која ја сака детето.
  • Бидете позитивни и охрабрувајте го детето.

  Мирјана Мицоска, клинички логопед – специјалист 

Реклама biskviti za deca
Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button