Здравје од А до Ш

Ефекти од пушењето цигари кои секојдневно му се закануваат на вашето тело

Пушењето цигари може да има многу штетни ефекти врз организмот. Некои од нив може да доведат до опасни животни компликации.

Всушност, според Центарот за контрола и превенција на болести, пушењето цигари го зголемува ризикот од смрт од сите причини, не само од оние поврзани со употребата на тутун.

Пушењето цигари влијае на респираторниот систем, циркулаторниот систем, репродуктивниот систем, кожата и очите и го зголемува ризикот од многу различни видови на рак.

Во оваа статија накратко ќе објасниме кои се 10 несакани ефекти од пушењето цигари.

1. Оштетување на белите дробови

Пушењето цигари влијае на здравјето на белите дробови, бидејќи  вдишувате не само никотин, туку и разни дополнителни хемикалии.

Реклама biskviti za deca

Цигарите се одговорни за значително зголемување на ризикот од развој на рак на белите дробови.

Овој ризик е 25 пати поголем кај мажите и 25,7 пати поголем кај жените. Центрите за контрола и превенција на болести укажуваат дека приближно 9 од 10 смртни случаи од рак на белите дробови се поврзани со пушење.

Пушењето цигари исто така претставува поголем ризик од развој и смрт од хронично опструктивно белодробно нарушување (ХОББ). Цигарите исто така се поврзани со развој на емфизем и хроничен бронхитис, а можат да предизвикаат или го влошат нападот на астма.

2. Срцеви заболувања

Пушењето цигари може да ги оштети срцето, крвните садови и крвните клетки. Хемикалиите и катранот во цигарите може да го зголемат ризикот од атеросклероза, што е акумулација на наслаги во крвните садови.

Ова натрупување го ограничува протокот на крв и може да доведе до опасни блокади. Зголемен е и ризикот од заболување на периферната артерија, што се случува кога артериите во рацете и нозете ќе почнат да се стеснуваат, ограничувајќи го протокот на крв.

Истражувањата покажуваат директна врска помеѓу пушењето и развојот на заболување на периферната артерија . Дури и оние кои пушеле се соочуваат со поголем ризик од луѓето кои никогаш не пушеле. Да се има вакво заболување значи зголемен ризик од:

  • згрутчување на крвта,
  • ангина или болка во градите,
  • мозочен удар,
  • срцев удар.

3. Проблеми со плодноста

Пушењето цигари може да го оштети репродуктивниот систем на жената и да ја отежни бременоста.

Ова може да биде затоа што тутунот и другите хемикалии во цигарите влијаат на нивото на хормоните. Кај мажите, колку повеќе лицето пуши и колку подолго пуши, толку е поголем ризикот од еректилна дисфункција.

Пушењето исто така може да влијае на квалитетот на спермата и затоа да ја намали плодноста.

4. Ризик од компликации во бременоста

Пушењето може да го зголеми ризикот од ектопична бременост и да ја намали телесната тежина на бебето. Според Центарот за контрола и превенција на болести, пушењето може да влијае на бременоста и фетусот во развојот на неколку начини, вклучително:

  • зголемување на ризикот од ектопична бременост,
  • намалување на тежината на фетусот,
  • зголемување на ризикот од предвремено породување,
  • оштетување на белите дробови на фетусот,мозокот и централниот нервен систем,
  • зголемување на ризикот од синдром на ненадејна смрт кај новороденчињата,
  • придонесува за вродени абнормалности, како што се расцеп на усната или расцеп на непцето.

5. Ризик од дијабетес тип 2

Центарот за контрола и превенција на болести известува дека луѓето кои пушат редовно имаат 30-40% поголем ризик од развој на дијабетес тип 2 отколку оние кои не пушат. Пушењето исто така може да им отежне на луѓето со дијабетес да ја контролираат нивната состојба.

6. Ослабен имунолошки систем

Пушењето цигари може да го ослабне вашиот имунитетен систем , што ве прави повеќе подложени на болести. Исто така, може да предизвика дополнително воспаление во телото.

7. Проблеми со видот

Пушењето цигари може да предизвика проблеми со очите, вклучувајќи поголем ризик од катаракта и дегенерација на макулата поврзана со стареењето. Други проблеми со видот кои се поврзани со пушењето вклучуваат:

  • суви очи,
  • глауком,
  • дијабетична ретинопатија.

8. Лоша хигиена на усната шуплина

Луѓето кои пушат имаат двојно поголем ризик од заболување на непцата. Овој ризик се зголемува со бројот на цигари што ги пуши едно лице. Симптомите на заболување на непцата вклучуваат:

  • отечени и нежни непца,
  • крварење при четкање,
  • лабави и чувствителни заби.

Пушењето тутун може да ја ограничи способноста на лицето правилно да ги вкуси и мириса нештата, а и може да ги обои забите жолти.

9. Нездрава кожа и коса

Пушењето цигари може да влијае на кожата и косата. Пушачите може да имаат предвреме остарена, збрчкана кожа. Тие исто така имаат поголем ризик од рак на кожата, особено на усните. Покрај непријатниот мирис на тутун на косата и кожата, исто така може да придонесе и за опаѓање на косата и ќелавост.

10. Ризик од други видови на рак

Покрај сите овие негативни ефекти од пушењето цигари кои директно не поврзуваат со рак на белите дробови, пушењето цигари може да придонесе и за појава на други форми на рак.

Американското здружение за рак известува дека пушењето цигари предизвикува 20-30 проценти од карциномите на панкреасот,пушачите исто така имаат три пати поголема веројатност да развијат рак на мочниот меур отколку непушач.

Пушењето цигари исто така може да го удвои ризикот од рак на желудник. Тутунот е особено поврзан со ракот на желудник кој се појавува во близина на хранопроводот.

Цигарите исто така можат да го зголемат ризикот од рак на:

  • уста,
  • грклан,
  • грлото,
  • хранопроводот,
  •  бубрег,
  • матката,
  •  црниот дроб,
  • дебелото црево,

Но, штетните ефекти на пушењето не влијаат само на луѓето кои пушат. “Пасивното пушење” може да има и значителни здравствени ефекти врз членовите на семејството, пријателите и соработниците. Ефектите од изложеност на димот од цигари вклучува:

  • зголемен ризик од настинки и инфекции на увото,
  • влошување на астма,
  • зголемување на крвниот притисок,
  • оштетување на срцето,
  • намалување на нивото на липопротеините со висока густина односно „добариот“ холестерол.

М.Д

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button