Кожа

Природни лекови за егзема

Домашните лекови и природните третмани можат да ја смират сувата кожа што предизвикува чешање и е пропратена со егзема.

Промени во исхраната и начинот на живот се дел од начините кои помагаат да спречуви појавата на егзема, особено во зима, кога симптомите се најизразени.

Природните супстанции, како што се гелот од алое вера и кокосовото масло, можат да ја навлажнат сувата кожа. Тие се борат против воспаленијата и штетните бактерии за да го намалат отокот и да спречат инфекција.

Природните лекови не можат да излечат егзема, но можат да помогнат со справувањето со симптомите и да спречат појава на дамки по кожата. Во прилог ќе ги разгледаме најдобрите природни лекови за егзема.

1. Алое Вера Гел

Гелот од алое вера е добиен од листовите на растението алое. Луѓето користеле алое вера гел со векови за лекување на широк спектар на болести, па една од нив е и употребата на алое вера гел за смирување на егземата.

Реклама biskviti za deca

Од алое вера гел може да имате голем број придобивки, дел од нив се:

  • зајакнување на имунолошкиот систем
  • антибактериско својство
  • антимикробно својство
  • заздравување на раните

Антибактериските и антимикробните својства можат да спречат инфекции на кожата, кои се со поголема веројатност да се појават ако имате сува, испукана кожа. Својства на алоето можат да го поттикнат заздравувањето на раните, односно може да ја смират испуканата кожа.

Како да го користите?

Гелот од алое вера може да го купите во аптеки, дрогерии или да купите растение алое вера и да го користите гелот директно од неговите лисја.

Изберете производи од алое гел без конзерванси, алкохол, мириси и бои, кои дополнително може да ја иритира чувствителната кожа. Алкохолот и другите состојки може да ја влошат егземата.

Започнете со нанесување на мала количина на гел за да ја проверите чувствителноста на кожата. Понекогаш алое верата може да предизвика горење или пецкање, но сепак гелот е безбеден и ефикасен за возрасни и деца.

2. Овесна каша

Овесна каша, се прави од овес кој е мелен и варен за да дојдат до израз лековити својства кои дејствуваат на кожата.

Оваа смеса има антиоксидантни и антиинфламаторни својства, што резултира со подобрување на:

  • сувост на кожата
  • лупење на кожата
  • грубоста
  • интензитет на чешање

Според резултатите од контролирано испитување, колоиден лосион од овесни снегулки
функционирал многу подобро од било кој друг лосион/ крема за таа намена.

Како да ја користите?

Наместо купка додадете мелена и сварена овесна каша во топла вода и релаксирајте се 20-30 минути во неа.

Изберете колоиден производ од овесна каша што има само овес во својот состав и избегнувајте ги оние со мириси или адитиви.

Лосиони и креми кои содржат колоидна овесна каша се исто така солидна замена и истите може да ги купите во аптека или дрогерија.

Колоидната овесна каша е безбедна за сите возрасти, но луѓето кои се алергични на овес, треба да ја избегнуваат. Поединци кои се алергични на глутен, треба да бидат претпазливи, бидејќи овесот често се обработува со пченица.

3. Кокосово масло

Кокосовото масло содржи здрави масни киселини кои можат да ја навлажнат кожата, што помага кај оние кои имаат проблем со сува кожа и егзема. Кокосовото масло може да ја заштити кожата помагајќи во борбата против воспаленијата и подобрувајќи го здравјето на кожата.

Клиничко испитување ги разгледало ефектите од нанесување на кокосово масло на кожата кај децата. Резултатите покажале дека користењето на маслото за 8 недели ги подобрило симптомите на егзема – многу подобрзо од други масла.

Како да го користите?

Нанесете ладно цедено масло од кокос директно на кожата после капење и по неколку пати на ден. Користете го пред спиење за да ја одржувате кожата влажна преку ноќ.

Кокосово масло е во цврста агрегатна состојба на собна температура, но топлината на човечкото телото го претвора во течност. Маслото од кокос може да го купите во сите продавници за здрава храна, добро снабдени супер маркети и дрогерии.

Луѓето кои се алергични на кокос не треба да користат кокосово масло.

4. Мед

Медот е природно антибактериско и антиинфламаторно средство, а луѓето го користеле за лекување на рани со векови.
Медот може да помогне во заздравување на раните и да ја зајакне функцијата на имунолошкиот систем, што значи дека може да му помогне на организмот во борбата против инфекциите.

Поради неговата антибактериска способност медот е корисен за лекување на разни заболувања на кожата, вклучувајќи изгореници и рани.

Доколку имате егзема и го нанесете директно на неа, медот може да ви помогне во спречувањето на инфекции со тоа што ја навлажнува кожата и го забрзува заздравувањето.

Како да го користите ?

Нанесете малку мед на погодената областа и оставете да дејствува.

5. Масло од чајно дрво

Маслото од чајно дрво се добива од лисјата на дрвото Melaleuca alternifolia.
Чајното дрво има антиинфламаторни, антибактериски и лековити својства кои го поттикнуваат заздравувањето на раните, ја намалува сувоста и чешањето на кожата и спречува инфекции.

Како да го користите?


Секогаш разредувајте ги есенцијалните масла пред да ги нанесете на кожата. Измешајте масло од чајно дрво со растително масло, односно бадемово или маслиново масло, а потоа нанесете го.

Маслото од чајно дрво може да го купите во аптека или дрогерија.

6. Промени во исхраната

Егземата е воспалителна состојба, што значи дека предизвикува воспалена, црвена, болна кожа.

Одредена храна може да предизвика или намали воспаление во телото, а правењето неколку клучни промени во исхраната може да помогне во намалување на разгорувањето на егземата.

Примери за антиинфламаторна храна:

  • риба
  • листест зеленчук
  • грав и леќа
  • овошја
  • зеленчук
  • куркума и цимет

Млечните производи, јајцата, сојата и пченицата се дел од храната која предизвикува воспаление. Обидете се да отстраните дел од оваа храна и водете дневник со цел да си помогнете при идентификација на тоа која храна може да биде проблематична.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button