Исхрана

Што е „зелена магма“ и зошто се користи за детоксификација на организмот?

Во денешно време многу од нас се’ помалку јадат зеленчук и зелена храна. Брзата, лоша и неквалитетна исхрана богата со конзерванси, адитиви и синтетски додатоци за вкус, загадениот воздух и вода, штетниот начин на живот, придонесуваат за загадување на човечкото тело и слабеење на здравјето.

Најчестото заболувањата и смртоносните болести се предизвикани од долготрајното наталожување на токсини во телото кои ги оштетуваат ткивата и органите, ги нагрузуваат зглобовите, артериите, го ослабнуваат нервниот систем и имунитетот, како и сите функции на телото воопшто.

Храната со зелена боја, вклучувајќи го и зелениот зеленчук и алгите отсекогаш биле основа на човечката исхрана. Исто како и за поголемиот дел од цицачите на земјата.
Во денешно време многу од нас се’ помалку јадат зелена храна. Таа често ја заменуваме со преработена, рафинирана, пестицидно загадена, како и храна со поголемо присуство на шеќер.

За среќа, постојат едноставни начини за брза детоксикација и надокнадување на штетата која токсините можат да ја направат врз ткивата и органите.

Хлорофил-незаменлив прочистувач

Поимот зелена храна се однесува на секој прочистен прехранбен концентрат направен од сокот на житните трави. На пример јачмен и зелени алги. Се нарекува зелена заради високата концентрација на чистиот органски хлорофил.

Реклама biskviti za deca

Хлорофилот, пак, е зелен пигмент кој го содржат зелените растенија, учествува во процес на фотосинтеза. Процес без кој не би имало живот на земјата.

Ова е еден од најјаките природни прочистувачи на крвта. Може многу да ја забрза елиминацијата на токсините од крвта, цревата и црниот дроб и поседува способност за врзување на тешки метали, на пр. жива, кои потоа се отстрануваат од организмот.

Регенерација на клетките

Зелената храна содржи многу важни есенцијални аминокиселини потребни за репродукцијата на клетките и за обновувањето на тикивата и органите.

Чистата зелена храна со висококонцентрирани растителни екстракти и активни ензими може да се користи како единствен облик на исхрана во текот на детоксикацијата.

Најпознатиот зелен “fast food”

Револуција во развојот на зелената храна претставува дехидрираниот сок од младиот лист на јачмен или зелена магма. Творецот на нејзината формула dr. Yoshihide Hagiwara, после повеќе од 200 проучени растителни видови открил дека листовите на јачменот ги содржат  едни од најмоќните комбинации на хранливи состојки кои можеме да ги најдеме во природата и кои ја обезбедуваат рамнотежата во нашето здравје. 

Поради тоа не треба да не чуди фактот што зелената магма е една од најраспространетите и најчесто користените облици на зелена храна кои редовно се користат за детоксикација.

Состав:

  • висока концентрација на хлорофил,
  • храниливи материи,
  • активни ензими.

Улога во организмот:

  • ја неутрализира киселоста која настанува како последица на стресот,
  • ја зајакнува енергија на телото,
  • ги смалува симптомите на алергија,
  • го зајакнува имунитетот и го забрзува метаболизмот,
  • содржи голема количина на калциум кој со магнезиумот се најважните макронутритиенти, важни за зајакнување на коски и ткива и превенција од остеопороза,
  • содржи активни ензими.

Богатството на зелената магма

  1. Фолна киселина за нормална функција на имуниот систем
    Природниот фолат во зелената магма придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста како и нормалната психолошка функција на организмот.Фолатот има важна функција во процесот на делба на клетките и на создавање на крвта како и нормалниот метаболизам на хомоцистеинот.
  2. Витамин А за нормална функција на одбрамбениот систем
    Зелената магма е природен извор на витамин А,во облик на бета каротен кој придонесува за нормален метаболизам на железо во организмот како и одржување на нормална состојба на слузницата. Природниот витамин А делува врз одржување на здрава кожа и нормален вид како и нормално функционирање на имуниот систем.
  3. Витамин Ц за намалување на исцрпеност и заштита на клетките од оксидативен стрес Содржи природен облик на витамин Ц кој придонесува за формирање на колаген за нормална функција на крвните садови, коски, ‘рскавици, кожа и заби. Воспоставува нормален метаболизам, создава енергија и така го намалува чувството на замор. Витамин Ц делува и на воспоставување на правилна функција на нервниот и имунолошки систем и зголемува апсорпција на железо.
  4. Витамин К
    Природниот облик на витамин К учествува во хемостаза  на крв и одржување на коските.

Едноставно решение од природата

Брзите и природни решенија понекогаш се од голема помош во брзиот начин на живот на еден урбан човек, па затоа зелената магма за некои од нас е право откритие. За уште побрза детоксикација со зелена храна ви предложиваме зелената магма секогаш да биде присутна во вашата исхрана.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button