Витамин Д за поздрав и посреќен живот
Нашето тело во соработка со сончевите зраци, конкретно ултравиолетови (УВ) зраците, од холестеролот во нашата кожа создава витамин Д3. Покрај тоа,овој витамин може да се најде и во храната.
Најпознати облици од овој витамин се:
-холекалциферол (вит. Д3), кој го има во намирници од животинско потекло,
-ергокалциферол (вит.Д2), во намирници од растително потекло.
Без разлика дали станува збор за ендоген (кој настанува со помош на сончева светлина) или егзоген (внесен со храна и додатоци на исхрана) облик на витамин Д, тој во организмот мора да помине низ процес на активација и да дојде до конечен облик, 1,25-дихидроксихолекалциферол кој има важни улоги во нашето тело.
Витамин Д во организмот и негова улога
- Најпознатата улога на витамин Д во организмот е поврзана со коските.
- Витамин Д со соодветна количина на калциум и фосфат во серумот овозможува нормална минерализација на коските, нормален развој на коскено ткиво и заби.
- Забрзува апсорпцијата на калциум.
- Модулира раст на клетките, учествува во нормална работа на невромускулни и имунолошки функции.
- Учествува во биосинтеза на невротрансмитери и невротропни фактори.
- Пронајдени се рецептори за витамин Д во мозокот, така што недостаток на овој витамин може да биде причина за развој на невродегенеративни болести како депресија, деменција и Алцхајмерова болест.
- Имуномодулаторна улога, дејство врз нашиот имунитет.
Дефицит на витамин Д
Дефицит на витамин Д во нашиот организам може да предизвика симптоми како:
- хроничен замор
- апатија и депресија
- намалување на телесна тежина
- срцеви заболувања
- остеопороза
- неправилна работа на имунолошкиот систем, подложност на инфекции и појава на алергии
Витамин Д во храната
Основни прехрамбени продукти, извор на витамин Д се: риби како сардина, папалина, скуша, потоа туна, харинга и лосос, млеко, јајца, свинско месо, а од растително потекло извор на Д3 се печурки и квасци, збогатени житарици.
Дневни препорачани дози за внес на витамин Д
- Деца: 400-600 IU (интернационални единици)/ден
- Здрави возрасни: 600 IU/ден
- Стари над 70 години: 800 IU/ден
Зголемени потреби за витамин Д имаат личности кои спаѓаат во ризични категории како лица кои многу малку се изложени на сонце (покриени екстремитети и лице), луѓе со потемна боја на кожа, обезни и луѓе со хронични болести на кои дневната доза на витамин Д им се одредува индивидуално.
Најнови истражувања
За жал, според најновите популациски истражувања, постојат огромен број на луѓе кои имаат ниски вредности на витамин Д во серумот, а и неправилната исхрана и брзиот начин на живот додатно допринесуваат за ниско ниво на егзоген и ендоген вит. Д
Но, затоа постојат додатоци за исхрана богати со витамин Д, таблети и спрејови, а во комбинација со други витамини.
Поновите технологии нудат решение за побрза апсорпција и подобро искористување, како што е спреј со витамин Д3 или комбинации кои дејствуваат синергистички како витамини Д3 и К2. Овие додатоци се препорачуваат во зимскиот перод кога има многу малку сонце и кога поретко се консумира риба.