Рецепти

Интегрални бомбици – идеална изолациска закуска

Во овој кризен период најважно е да го осигураме нашето тело со сите потребни витамини.
Нашето секојдневие понекогаш знае да биде богато со разни видови на нездрави, калорични закуски, ама кога ќе ги пробате енергетските бомбици, сигурни сме ќе ги занемарите нездравите намирници.Богати со незаситени масни киселини и висококвалитетни протеини, овие бомбици може да послужат како идеален безглутенски меѓуоброк во карантинот.

Време на подготовка: 20 минути

Потребни состојќи

  1. ½ чаша путер од кикирики
  2. ½ чаша мед
  3. 1 чаша овес
  4. 2 мали лажици ленено семе
  5. 1 шака сува брусница
  6. 1 мала лажица цимет
  7. Додатоци по желба ( наш предлог) – чипс од кокос, какао, лупен сончоглед.

Припрема

  1. Во еден сад помешајте ги сите состојки. Доколку смесата ви е прегуста или преретка, слободно додадете мед.
  2. Потоа обликувајте мали топчиња со помош на раката и додајте слободно додатоци по желба.

Пријатен апетит!   

Миа Симоновска

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button