Прва помош

Прва помош: Труење со загадена вода

 

Како и кај загадувањето на храната, загадувањето на водата се јавува на различни начини, што во голема мера зависи од потеклото на водата. За да ги задоволи своите физиолошки потреби, човекот се служи со вода од различно потекло: атмосферска вода( цистерни), површинска вода( водоводи) и подземни води (бунари). Водоводната вода хигиенски е најсигурна. Со оглед на постојаниот надзор, водоводот овозможува хигиенски беспрекорна вода. Меѓутоа, ако дојде со загадување на водоводот, се јавуваат големи хидрични епидемии во кои за кратко време може да се разболат голем број на луѓе.

Загадувачи на вода може да бидат:  

  • тешки метали: кадмиум, жива, олово, хром,
  •  пестициди, нитрати и фосфати,
  • нафтени производи,
  •  површински-активни супстанци (ПАС),
  • патогени: Burkholderia pseudomallei, Cryptosporidium parvum, Giardia lamblia, Salmonella, Novovirus и др., паразитски црви (хелминти).

Последици од загадена вода:

  • Бациларна и амебна дизентерија;
  • Заразна жолтица;
  • Општи симптоми како гадење, повраќање, пролив;
  • Детска парализа;

Дезинфекција на водата за пиење

Реклама

Вода со сомнителен квалитет мора да биде прочистена, филтрирана и дезинфицирана. Постојат неколку начини за уништување на штетните организми во водата:

  • превривање: зовријте ја водата 5-10 минути
  • таблети за дезинфекција на водата: обично една до две таблети се ставаат на едно литро вода;
  • јодна тинктура: во едно литро вода се ставаат 6-8 капки јодна тинктура, а мешавината мора да отстои најмалку половина час.

Совети:

  • Не пијте вода од непроверени избори;
  • Кога патувате пијте само флаширана вода;
  • Избегнувајте да пиете во пластична чаша или шише;
  • При труење со вода контактирајте во вашиот лекар и упатете се до најблиската аптека, за да не дојде до дехидрирање на организмот или други компликации.

    AM

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button