Респираторен систем

Бронхиектазија-симптоми, дијагноза и третман

Бронхиектазија  претставува дилатација (опуштање) на бронхиите со инфилтрација на белодробен паренхим и деструкција на мускулите и еластичното ткиво на бронхијалниот ѕид.

Според потеклото може да бидат :

  1. вродени,
  2. стекнати.

Според морфолошките карактеристики може да бидат:

  1. Постинфективни сакуларни бронхиектазии;
  2. Цилиндрични;
  3. Псеудобронхиектазии;
  4. Посттуберкулозни;
  5. Бронхиектазии со генетска релација;

Клиничка слика:

-продуктивна кашлица особено наутро,

Реклама

-инфективен синдром,

-повторувачки хемоптизи,

-нарушена вентилаторна функција.

Компликации:

-белодробен апцес,

-хемоптизи,

ателектаза,

-емфизем,

-белодробно срце (cor pulmonale).

Дијагноза

  1. Нативна рентгенграфија;
  2. Бронхографија и бронхоскопија;
  3. Перфузионен скен на бели дробови;
  4. Вентилационен скен;
  5. КТ на граден кош.

Терапија

  1. Антибиотска,
  2. Бронходилататори,
  3. Постурална дренажа,
  4. Хируршко лекување(лобектомија).

Секогаш се настојува оваа болест да се лекува конзервативно, но во одредени случаи, како при инфекции на бели дробови, намалена перфузија и присуство на хемоптизи, индицирано е хируршко лекување.

 

*Оваа статија е од едукативно-информативен карактер. Доколку имате некои од горенаведените симптоми или имате некакви прашања поврзани со оваа состојба консултирајте го вашиот лекар.


АМ

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button