Исхрана

Есенска трпеза: Покрај фантастичниот вкус, тиквата е поврзана со многу здравствени придобивки

Оваа eсен уживајте во придобивките кои ги нуди тиквата, која е богат извор на витамини, минерали и многу други хранливи состојки.

Сигурно многу од вас мислите дека тиквата е зеленчук, но според научните докази таа е овошје, бидејќи содржи семиња. И покрај тоа,  нутриционистички е многу послична со зеленчукот отколку овошјето.

Нутрициска вредност

Една чаша варена тиква (245 грама) содржи :

  • Калории: 49
  • Маснотии: 0,2 грама
  • Протеин: 2 грама
  • Јаглехидрати: 12 грама
  • Растителни влакна: 3 грама
  • Витамин А: 245% од референтниот дневен внес (РДИ)
  • Витамин Ц: 19% од РДИ
  • Калиум: 16% од РДИ
  • Бакар: 11% од РДИ
  • Манган: 11% од РДИ
  • Витамин Б2: 11% од РДИ
  • Витамин Е: 10% од РДИ
  • Железо: 8% од РДИ
  • Пектини
  • Целулоза
  • Мали количини на магнезиум, фосфор, цинк, фолати и неколку витамини од групата Б.

Тиквата како лек

Реклама

Тиквата претставува добар диуретик, а се препорачува и за проблеми во желудникот, кога имате потешкотии во цревата, псоријаза. Ја зајакнува заштитната обвивка на нервите и делува смирувачки.

Семки од тиква

Семките од тиква се одличен извор на белковини, минерали и витамини. Содржат бета-каротен, фолна киселина, калиум, фосфор и магнезиум. Преку семките ја добиваме и омега-3 масната киселина која е познат чувар на срцето, но и на видот и расположението. Чипсовите заменете ги со семки од тиква и уживајте додека го гледате вашиот омилен филм.

 Масло од тиква

Уште еден производ од тиквата кој го привлекува вниманието на широката популација е маслото од тиква, кое содржи заситени масни киселини, голем процент на бета-каротен, витамин Е и калиум. Лецитинот содржан во маслото помага за спречување на артериосклероза и позитивно делува за намалување на холестеролот во крвта. Во 100 грама масло од тиква има 900 калории. Ако се плашите од калориите, помислете дека за вкусна салата доволна е само една мала лажичка масло. Најдобро е кога е ладно цедено исто како маслиновото масло.

 

Покрај фантастичниот вкус, тиквата е поврзана со многу здравствени придобивки. Затоа, секогаш кога ќе имате можност, тиквата нека биде дел од вашата трпеза.


АМ

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button