Во кој дел од денот треба да се земаат суплементи?

Во кој дел од денот треба да се земаат суплементи?

 

За да витамините и минералите кои ги земате навистина делуваат, важно е да ги земате во вистинското време т.е кога нивната апсорпција е најдобра.

Исто така, докажано е дека некои подобро делуваат на празен желудник додека други се земаат исклучиво со храна.

Витамини кои се земаат наутро

Витамин Б12 најдобро е да се зема на празен желудник, со витамин Б1 и бакар.
Б12 создава енергија и затоа е најдобро да се зема наутро. Утрото е време и за витамин Ц кој може да се зема заедно со витамин Б12, Е и А.

Попладне

Во оваа доба, витамините треба да се земаат со храна. Се препорачува тогаш да земате цинк во комбинација со витамин Ц и Б12. Ако пиете цинк избегнувајте бакар и витамин Б9. Исто така попладне треба да земате витамин А, најдобро заедно со витамин Ц и Е како и со цинк.

Вечерен витамин

Со храна, за време на вечерата или потоа би требало да земете витамин Д во комбинација со калциум кој ја подобрува неговата апсорпција. Покрај тоа, добра комбинација е и витамин Д со рибино масло.

Пред спиење

За да го подобрите метаболизмот земајте пробиотици, два часа после вечерата. Пред спиење е идеално време и за магнезиум.
Може да го комбинирате со калциум и витамин Б6.

 

Лекарите напомнуваат дека суплементите не треба да ги зематe самоиницијативно, туку во консултација со стручно лице и тоа по анализи кои укажуваат на нивен недостаток.


АМ

Коментари