Дијабетес

Како алкохолот влијае врз дијабетесот?

Кога станува збор за пиење алкохол, луѓето со дијабетес тип 1 треба да бидат особено внимателни. Може да влоши некои од компликациите на дијабетисот.

Како прво, пиењето може да предизвика хипогликемија или хипергликемија. Затоа е потребно многу постојано  да го мерите.

Второ, алкохолот содржи многу калории. Доколку сакате да се напиете чаша алкохол, направете го тоа само кога нивото на шеќер во крвта е во граници на нормалата.

Исто така многу е битно да разговарате со вашиот ендокринолог за тоа, за тој или таа да објасни повеќе за врската помеѓу алкохолот и дијабетесот и да ви предложи какви пијалоци можете да пиете и во колкави количини.

Ефекти од алкохолот врз дијабетесот

Алкохолот ги има следниве ефекти врз дијабетесот

Реклама biskviti za deca
  • Може да предизвика хипогликемија
  • Вишокот алкохол всушност може да го намали нивото на гликоза во крвтa
  • Пивото и слаткото вино содржат јаглени хидрати кои можат да го зголемат шеќерот во крвта
  • Исто така, го стимулира вашиот апетит, што може да предизвика прејадување и може да влијае на контролата на шеќерот во крвта

Што треба и што не треба да правите кога консумирајте алкохолни пијалаци

Кога станува збор за дијабетес и консумирање алкохол, луѓето треба да ги следат овие упатства за консумирање:

  • Пијте полека
  • Не пијте повеќе од две чаши алкохол во еден ден
  • Пијте алкохол само со храна
  • Избегнувајте „зашеќерени“ мешани пијалоци или слатки вина
  • Измешајте алкохол со вода или диетални безалкохолни пијалоци

Секое лице со дијабетес што ќе избере да пие алкохол, се препорачува тоа да го прави многу внимателно. Прекумерното пиење може да стане опасно лицата со дијабетес. Во тешки случаи, обилното пиење може да резултира со кома или смрт. Затоа, за било какви прашања во врска со дијабетесот и алкохолот, најубаво е да се консултирате со вашиот ендокринолог.

Која е разликата помеѓу дијабетес инсипидус и дијабетес мелитус?


Тања Шатановска

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button