ИсхранаЛекови и суплементиФитнесХрана и живот

Суплементи во исхраната кои ќе ви помогнат полесно да ги постигнете вашите фитнес цели

Ако редовно вежбате, можеби сте размислувале да земате додатоци во исхраната кои можат да ви помогнат побрзо да ги постигнете вашите фитнес цели.

Додатоците можат да помогнат да се пополнат сите недостатоци во исхраната со цел да се зголеми нивото на енергија и да се поттикне закрепнувањето после напорен тренинг.

Денес има безброј суплементи, па можеби ви е тешко да изберете кои се соодветни за вас.

Затоа ви подготвивме листа од најпопуларните и најкорисните суплементи за фитнес ентузијасти кои ќе ви помогнат да дберете што е најдобро за вашите потреби.

Протеин во прашок

Протеинот е од суштинско значење за градење и закрепнување на мускулите. За многу луѓе, внесувањето доволно количество протеини само преку исхраната може да биде предизвик.

Реклама biskviti za deca

Протеинскиот прашок е одличен начин да го зголемите дневниот внес на протеин. Добрата вест е што доаѓа во многу различни вкусови, па сигурно ќе најдете нешто што ќе ви се допадне.

Доколку сте вегани, или имате чести проблеми со дигестија, нашата препорака е да се обидете со протеински прашок од растително потекло. PhD Pland protein е одличен избор и можете да го нарачате онлајн или да го купите во ДМ маркетите.

Протеинскиот прашок можете да го доадете во смути, овесна каша, чија пудинг, или да го помешате со млеко и да уживате во вкусовите.

Креатин

Креатинот е молекула која природно е присутна во телото и учествува во производството на енергија.

Кога се зема како суплемент, креатинот се претвора во фосфокреатин, кој се складира во мускулното ткиво и служи како извор на енергија за време на изведување вежби со висок интензите како кревање тегови.

Со зголемување на резервите на фосфокреатин, креатинот може да помогне и да се одложи заморот, овозможувајќи поинтензивни и подолги тренинзи.

Најлесен начин да се консумира креатин е во смути. Може и да го додадете во вашиот протеински шејк пред или по тренинг.

Амино киселини (BCAA)

BCAA се есенцијални амино киселини кои можат да помогнат да се намали болката во мускулите и да се забрза закрепнувањето. Тие се особено корисни за велосипедисти и спортисти кои трчаат на долги дистанци.

Рибино масло

Рибиното масло е богат извор на омега-3 масни киселини. Тие имаат антиинфламаторни својства и можат да помогнат во одржување на цврстината на зглобовите.

Важно е да се запамети дека додатоците се токму тоа – додатоци. Тие се наменети да ја надополнат здравата исхрана, а не да ја заменат.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button