Спирулина- хранлива алга на сегашноста и иднината
Спирулина е вид на модро-зелена алга која расте во слатки и солени води. Староста и се проценува околу 3,6 милијарди години и се верува дека представува првиот фотосинтетиски облик на живот кој помага во создавањето на атмосферата богата со кислород, погодна за живот на сите други аеробни организми.
Како додаток во исхраната се препорачува поради својот антибактериски, антиоксидантен и антифламаторен состав. Покрај тоа спирулината како додаток во исхраната го зајакнува имунитетот и може благотворно да делува на смалување на холестеролот во крвта.
Исклучително богатство на нутриенти
Содржи голем дел од протеини, бројни витамини и минерали:
- протеините сочинуваат дури 60-70% од вкупната сува тежина,
- голем број незаситени масни киселини (PUFA),
- пигменти како хлорофил а,каротен и фикоцијанин(најмоќниот антиоксиданс во оваа алга),
- калциум, хром, магнезиум, манган, цинк, железо и бакар,
- витамини: Б1 и Б2, провитамин витамин А (β – каротен), витамин Ц и витамин Е.
Стандардната препорачана дневна доза на спирулина е 1-3 грама, но оваа доза може да се зголеми до 10 грама на ден. Една лажица спирулина (7 грама) ќе задоволи 11% од вкупните дневни потреби на железо и 21% од препорачаните дневни потреби од бакар.
Содржината на β – каротен е невообичаено висока, таа е скоро 30 пати поголема отколку кај морковот.
Силни антиоксидантини и антиинфламаторни својства на спирулината
Денешниот бурен животен стил не е погоден за здравјето на луѓето. Фактори како што се психолошки стрес, брза храна, прекумерно консумирање алкохол и пушење, доведуваат до значителен оксидативен стрес. Оксидативниот стрес во човечкото тело може да доведе до оштетување на молекулите на ДНК и телесните клетки. Акумулацијата на таквата штета доведува до формирање на хронично воспаление, што придонесува за појава на рак и други болести. Спирулината е фантастичен извор на антиоксиданти и затоа има заштитен ефект врз клетките. Најмоќен антиоксиданс во спирулината е претходно споменатиот фикоцијанин кој ги фаќа слободните радикали и исто така го инхибира производството на воспалителни сигнални молекули, обезбедувајќи импресивно антиоксидативно и антиинфламаторно дејство и со тоа го штити организмот од надворешни штетни фактори.
Спирулина – храна на иднинатa
Храната за иднината се дефинира како онаа храна чиј технолошки развој рапидно го зголемува нивото на производство, односно што го зголемува потенцијалот за производство во големи количини притоа намалувајќи ги трошоците за производство и грижата за животната средина. Една од нив е спирулината.
Храната одгледувана во воден медиум, како што е спирулината, зазема значително помалку простор на копно отколку потребите за производство на храна од животинско потекло, бидејќи може да се произведува во области со солена вода , кои не се соодветни за производство на повеќето други култури. Заменувањето на одгледување на дел од храната произведена на копно со спирулина би довело до значително намалување на загадувањето на воздухот, почвата и водата.
Потеклото на Спирулината е основна карактеристика на додатоците во исхраната
При изборот на спирулина во форма на додаток во исхраната, треба да се обрне внимание на нејзиното потекло. Имено, спирулината која не се одгледува во контролирани услови, но се бере во дивината, претставува значителен ризик од контаминација со тешки метали и бактерии. Хавајската спирулина се издвојува поради фактот што 36 години се одгледува на здрава и одржлива фарма Кони под контролирани услови.
Мирјана Димитриевска