Рецепти

Совршен неделен појадок: ниско калорична салата со јајца

Превкусна, нискокалорична салата со јајца. Во неа има помалку од 300 калори, а  толку многу ќе ве засити. Со својот освежителен вкус, претставува совршен, освежителен оброк за жешките летни денови.

Состојки:

  • 2 варени јајца
  • марула
  • 1 парче леб од прортени пченични зрна (или интегрален)
  • 1 домат
  • малку изрендан пармезан

Дресинг:

  • 50g нискомасен грчки јогурт (или кисело млеко)
  • 5g сенф
  • сок од половина лимон
  • малку изрендана кора од лимон
  • малку сол, црн бибер, рузмарин, босилек и лук во прав

Начин на подготовка:

Сварете ги јајцат (да бидат тврдо варени), а потоа исечкајте ги .

Реклама biskviti za deca

Издробете ја марулата.

.Потпечете го лебот и исецкајте го на мали коцки.

Ситно исечкајте го доматот.

Измешајте ги сите состојки, прелијте со дресингот и додатете малку изрендан пармезан.

Нутритивни вредности:

Калории: 286  Јаглехидрати:20g      Масти:11g      Протеини:24g

За повеќе здрави и вкусни рецепти посетете ме на мојот инстаграм профил: https://www.instagram.com/the_fitnesscook/

Мануел Трајчев

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button