Рецепти

Сарми со сејтан

Зимскиот период е познат по киселата зелка која изобилува со витамин Ц и витаминот Б12 кој е исклучително активен за време на киселењето. Пантотенска киселина (која ја има во витаминот Б5)  е многу важен за клеточната енергија и здрава коса, а не изостануваат и фолната киселина и витамините А и Д.  Па, токму поради тоа ви спремивме еден здрав и полн со витамини рецепт за сарми со сејтан, кој ќе го задоволат вкусот на карниворите, но и на веганите. Лесен и едноставен, а многу вкусен.  Уживајте!

Потребни состојки:

  • 1кг кисела зелка
  • 500гр свеж сејтан (парчињата сејтан маринирајте ги еден ден претходно во соја сос)
  • 2 чаши ориз
  • 2 рендадни моркови
  • 1 помал целер
  • 2 главици кромид
  • 3-4 чешниња лук
  • 4 лажици брашно
  • 2 лажици соја сос
  • сол,црвен пипер, масло

Подготовка:

Парчињата сејтан се валкаат во брашно и кратко се пропржуваат , потоа ги сецкате ситно. Изренданиот зеленчук, заедно со кромидот се пропржуваат и се додаваат четирите лажици брашно и сејтанот. Се’ ова добро запржете го и тргнете го настрана. Од зелката извадете ја дебелата средина и наполнете ги со филот.  Загрејте 3 лажици масло и додадете го црвениот пипер и додајте ги сармите, па полијте ги со вода  и варете ги околу 50 минути , се додека зелката не се свари убаво. По потреба додадете соја сос и убаво протресете за рамномерно да се распореди. Наздравје !


М.Д

Реклама biskviti za deca
Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button