Гастричен рефлукс или гастроезофагеална рефлуксна болест

Гастричен рефлукс или гастроезофагеална рефлуксна болест

Гастричен рефлукс или гастроезофагеална рефлуксна болест претставува хроничен симптом на мукозно оштетување предизвикано од враќање на желудочна киселина од желудникот во хранопроводот. Киселината која се враќа во езофагусот предизвикува инфламација, иритација и оштетувања на мукозата.

Симптомите вклучуваат непријатни звуци од езофагусот и желудникот, заглавување на храна, печење, иритација, наузеја, кашлица, визинг, симптоми на астма и ерозија на емајлот (надворешен слој) на забите. Исто така, гастричниот рефлукс е ризик фактор за појава на карцином на езофагус.

Наоѓањето на коренот на проблемот е најважен чекор. Гојазни или повозрасни луѓе се почесто афектирани, бидејќи абдоминалното масно ткиво пречи на функцијата на езофагусот, а езофагеалниот сфинктер кој нормално превенира рефлукс, слабее со стареењето. Различни видови храна и пијалоци, како чоколадо, алкохол, никотин, кофеин, брза и зачинета храна го релаксираат сфинктерот, затоа треба да ги избегнувате.

Гастроезофагеална рефлуксна болест или појава на киселини може да се превенира со промена на начин на исхрана и живот.

Намалете ја телесната тежина

Намалување на повеќе килограми може да ги олесни или победи симптомите на рефлукс. Луѓе кои изгубиле околу 10 % од телесната тежина почувствувале подобрување на симптомите на гастроезофагеален рефлукс.

Променете ја исхраната

Посветете се на анти-рефлуксна исхрана, што значи дека треба да ja исфрлите премногу зачинетаta исхрана. Досега е докажано дека исхраната прави разлика кај околу 30% од луѓето, а тоа се должи на фактот што многу луѓе попрво би се изложиле на оваа болест отколку да го сменат начинот на исхрана.

Пијте сок од алое вера

Доволни се две шолји сок од алое вера дневно. Тоа е безбеден и ефективен треман за редукција на симптоми на гастроезофагеален рефлукс, влучувајќи и регрутација на храна, подуеност, ждригање, дисфагија, наузеја, повраќање и регрутација на киселини.

Хидрирајте го вашето тело

Започнете го денот со вода и останете хидрирани во текот на целиот ден, особено после вежбање, кое може да биде тригер за некои луѓе да почувствуваат жарење и печење во предел на желудникот и срцето.

Сами направете си антацид

Пробајте половина мала лажичка сода и половина чаша вода. Не е вкусно за пиење, но е ефективен домашно направен антацид.

Јадете јаболка

Јадете по едно јаболко пред или после проблематичен оброк. Јаболката спаѓаат во исхраната која може да ви ги ублажи симптомите. Сличен или ист бенефит може да имате и од друг вид на овошје, компири и јајца.

Пробајте лизгав брест 

Консумирајте го овој хербален суплемент во капсули, прав или таблетки за лижење, бидејќи ги смирува иритираните ткива на дигестивниот тракт.

Пијте чај

Неколку видови на чаеви може да ги ублажат симптомите на желудечен рефлукс. Чај од камилица, нане или детелина ги  редуцираат симптомите.

Гума за џвакање

Гума за џвакање после оброк ја зголемува продукцијата на плунка. Истражувањата покажале дека саливата ја намалува количината на киселина во езофагусот и може да превенира гастроезофагеална рефлуксна болест.

 

 Промените во начинот на живот исто така може да ви помогнат да се ослободите од киселини, на пример, оставете ги цигарите, не носете облека која е многу тесна, не вежбајте веднаш после оброк, не јадете минимум три часа пред спиење. И секако, доколку имате посериозни симптоми и нелагодност која трае подолго време, консултирајте го вашиот лекар.

Категории

Коментари