РецептиХрана и живот

Пет причини зошто филџан зелен чај треба да биде наша секојдневна навика

Зелениот чај во Кина почнал да се пие пред повеќе од 4000 години. Во Европа бил донесен многу подоцна, но брзо биле откриени неговите неверојатни својства.

Еве пет причини зошто филџан зелен чај треба да биде наша секојдневна навика.

За здраво срце

Многу студии покажуваат дека пиењето зелен или црн чај нѐ штити од разни заболувања на срцето. Една студија истражувана во текот на три години ги следела пациентите со дијагностицирани срцеви заболувања.

Се докажало дека смртноста била 44% помала кај пациентите што конзумирале четиринаесет чаши чај неделно отколку кај оние што воопшто не конзумирале чај.

Тајната е во флавоноидите, силни антиоксиданси кои се присутни во чајот.

Реклама biskviti za deca

Заштита од рак

Различните студии го поврзале пиењето на чај, особено зелениот со заштита од некои видови канцер.

Студијата спроведена во Кина покажала дека кај луѓето што редовно пијат чај можноста за развивање на канцер е помала во однос на оние кои не пијат.

Во Јапонија воочено е дека конзумирањето на три чаши чај дневно може да заштити од повторно појавување на канцер на дојката.

За здрави коски и заби

Научниците од Тајланд следеле повеќе луѓе, мажи и жени, постари од триесет години и заклучиле дека оние кои редовно конзумирале чај во текот на неколку години имаат подобра густина на коските.

Најверојатно клучот се крие во големиот дел флуориди во зелениот чај. Флуоридот е важен за здрави и силни коски.

За одржување на здрава телесна тежината и помош при слабеењето

Редовното пиење чај може да помогне при согорувањето на вишокот килограми со забрзување на метаболизмот.

Тоа го докажала шест неделната студија на десет мажи и дваесет жени на кои им се давало екстрат од зелен чај.

Потрошувачката на калории кај нив била поголема отколку оние на кои не добивале екстрат од зелен чај.

Заштита на кожата

Големата количина на антиоксиданси во зелениот чај, вклучувајќи ги и витамините Е и Ц, го успоруваат процесот на стареење на кожата. Затоа се повеќе козметички производи содржат зелен чај.

Што е мача?

Мача е еден вид чај кој се добива со мелење на листовите од зелениот чај.

Овој прав потоа се меша со топла вода за да се создаде пенлив, светло зелен пијалок кој има богат вкус и бројни здравствени придобивки.

Мачата потекнува од Јапонија и со векови се користи во традиционалните јапонски церемонии за чај.

Како да подотвите совршен чај

  1. Откако водата ќе зоврие, оставете ја неколку минути малку да олади, бидејќи полевањето на филтер ќесичката или листовите од чајот со врела вода може да го унишни вкусот на чајот.
  2. Најдобро е да употребувате чајник- една филтер ќесичка на две или три шолји вода.
  3. Зелениот чај е најдобар без додатоци, шеќер или млеко. Ако сепак сакате да го засладите напитокот, најдобро е да додадете една лажичка мед.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button