Ефикасни маски за лице кои може да ги направите во домашни услови

Ефикасни маски за лице кои може да ги направите во домашни услови

Секоја втора жена во светот има проблеми со кожата. Без разлика дали станува збор за проблеми со мрсна, сува или кожа со акни, третманот знае да биде макотрпен и скап. Но, од друга страна пак, природното лекување е секогаш добредојдено и ефективно. Ние ви преглагаме неколку маски за лице кои можете да ги приготвите во домашни услови со што ќе заштедите пари, а ќе добиете многу.

Маска за лице од јогурт

Не мора да одите на козметичар за да му дадете третман на вашето лице.

За да ја исчистите кожата и да ги затегнете порите, ставете малку обичен јогурт на лицето и оставете го да отстои околу 20 минути. За ревитализирачка маска за лице, измешајте 1 лажичка обичен јогурт со сок од ¼ портокал  и 1 лажичка алое. Оставете ја смесата на лицето најмалку пет минути пред да ја исплакнете.

Mаска за лице од јајце

Одете во фрижидер и земете јајце. Ако имате сува кожа на која и е потребна хидратација, одделете го јајцето и изматете ја жолчката. Доколку имате проблем со масна кожа, употребете ja белката од јајце, на која може да се додаде малку лимон или мед. За нормална кожа, користете го целото јајце. Нанесете го изматеното јајце, опуштете се и почекајте 30 минути, а потоа исплакнете. Ќе се вљубите во свежината на вашата кожа добиена од ефектот на јајцето.

Mаска за лице со овесна каша

Ако барате нешто што ќе ви направи да се чувствувате и да изгледате подобро, подарете си маска за лице од овесна каша. Комбинирајте 1/2 чаша топла(незовриена) вода и 1/3 чаша овесна каша. Oставете да отстои неколку минути,потоа додадете 2 лажици обичен јогурт, 2 лажици мед и 1 мала белка од јајце. Нанесете тенок слој од маската на лицето и оставете ја да отстои 10 до 15 минути. Потоа исплакнете со топла вода.

 

Вашата кожа ќе ви биде благодарна!


AM

Коментари