ИсхранаРецептиХрана и живот

Лесна протеинска салата со наут

Едно од најчесто поставуваните прашања до нутриционистите е што да јадете за вечера, а таа вечера да исполнува неколку услови: да се подготви брзо, да биде здрава и со малку калории и да ве засити и последно да биде вкусна.

Оваа богата протеинска салата со наут, туна и зеленчук ги исполнува сите потребни барања. И, се разбира, не мора да се служи исклучиво како вечера, но и како лесен ручек. Има 450 калории и содржи 40 гр протеини, 30 гр јаглехидрати и 20 гр маснотии.

Состојки:
120гр наут, сварен
1 јајце
1 лажичка сусам
80гр конзервирана туна
50гр марула
50гр кисели краставички
половина црвен кромид
маслиново масло
сок од лимон
сол

Начин на подготовка:

1.Ставете го јајцето во зовриена вода и варете го 4 минути.

Реклама biskviti za deca

2. Исечкајте ги краставичките,марулата и кромидот.

3. Исцедете ја туната.

4. Во здела ставете ја марулата, зеленчукот, свареното јајце, туната и поросете со сусам. Додадете го сокот од лимон, маслиновото масло и посолете по вкус.

Пријатен апетит.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button