ИсхранаРецептиХрана и живот

Брзи и лесни идеи за доручек

Доручекот е најбитниот оброк во денот, иако многу често ни се случува да го изоставиме или наместо тоа да посегнеме по некое лиснато пециво кое го задоволува гладот само на неколку часа.

Верувам дека никој не сака да поминува многу време наутро во кујна, па затоа во прилог следат 3 брзи и лесни идеи за здрав и вкусен доручек кои може да си ги подготвите и да си ги понесете со себе на работа.

1.Авокадо тост

1/2 авокадо

2 јајца

Реклама

2 кришки полнозрнест леб

сол, бибер

Подготовка:

  • Згмечете го авокадото со вилушка и намачкајте го на лепчињата.
  • Спржете ги двете јајца на малку масло и додадете ги врз лепчињата.
  • Посолете и уживајте.

2.Смути со јаболко

1 средно големо јаболко, излупено, исечкано

1 чаша нискомасно млеко бадемово или може нискомасно кравјо млеко

4 големи лажици овес

1 лажица путер од кикиритки

малку цимет

Подготовка:

Се ставаат сите работи во блендер, се блендираат една минутка и се складираат во тегличка, спремно за конзумирање.

3.Омлет со урда и домати

2 јајца​

2 лажички вода​

1 лажичка масло​

2 листа босилек, по желба за вкус​

2 големи лажици урда ​

1 помал домат​

1-2 парчиња полнозрнест леб​

Подготовка:

  • Изматете ги јајцата заедно со двете лажички вода и зачините.
  • Ставете го маслото да се загрее, потоа намалете ја температурата и додадете ги јајцата. Треба да ви излезе тенка омлет палачинка.
  • Во урдата додадете го босилокот кој претходно ситно ќе го исецкате убаво измешајте и намачкајте го омлетот, па свиткајте го како палачинка.
  • Лепчињата може да ги ставите во тавата кадешто го правевте омлетот, за да бидат крцкави.
  • Доматот исечете го на тенки кришки, посолете по вкус.

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button