Исхрана

Нутритивните придобивки од леблебијата и зошто таа е одличен додаток во вашата исхрана

Леблебија или наут e хранлив и вкусен мешункаст зеленчук кој се одгледувал уште од дамнешното минато, но во современата исхрана ја доживува својата слава во последните неколку години.

Латинското име на леблебијата/наутот е Cicer arietinum, а легендата вели дека славниот Цицерон го добил својот прекар поради израстокот на носот што личел на малиот топчест плод.

Леблебијата потекнува од Блискиот Исток, каде што се одгледува повеќе од 9000 години. Од Блискиот Исток, наутот се проширува и во медитеранската област, па денес е почесен член на медитеранската кујна.

Видови

Постојат два основни типа наут – деси и кабули. Деси наликува на див наут, има мали зрна, поцврста школка и има потемна боја добиена од фенолни супстанции. Овој вид обично се одгледува во Азија, Етиопија и Мексико.

Видот кабули е дел од Медитеранот и има значително посветла боја, потенка лушпа и поблаг вкус. Во принцип, вкусот на наут е малку оревкаст и има цврста и крцкава текстура.

Реклама biskviti za deca

Богат е со протеини и има малку маснотии,а содржи јаглехидрати кои се разградуваат споро и овозможува подолго чувство на ситост.

Исхрана

Сусамот и наутот се неразделно поврзани во медитеранската и азиската кујна. Имено и хумусот и фалафелот се подготвуваат или се служат со паста од сусам, позната како тахини или таан. Тахини се подготвува од сусамово семе и маслиново масло.

Фалафелот пак е уште едно јадење во чија основа е леблебијата, кое стана омилено во нашиот регион во последните неколку години. Се подготвува од омекната и мелена леблебија, на која се додаваат магдонос, коријандер, лук, црвен кромид, пециво, сол, бибер и ким.

Од добиената смеса се меси тесто од кое се формираат топчиња и се пржат во врело масло. Се служат со тахини, пржен или свеж зеленчук, во пита лепче.

Брашно од наут

Брашното од наут е една од основните состојки на индиската, пакистанската и непалската кујна. Се добива со фино мелење на посебен вид наут.

Препознатливо е по бледо жолтата боја и земјените ароми, кои најдобро се изразуваат во зачинети јадења.

Во Индија, брашното од наут е дел од секојдневното мени се користи за подготовка на т.н. пакора или похован зеленчук, сосови (особено популарниот сос од кари), густи супи, десерти и многу други јадења.

Во нашата земја, брашното од наут вообичаено го користат вегетаријанците и особено веганите, бидејќи во комбинација со вода може да послужи како замена за јајца.

Брашното од наут не е наменето само за оние кои избегнуваат храна од животинско потекло, бидејќи тоа е со голема нутритивна вредност.

Споредено со брашното од цело зрно, содржи помалку јаглехидрати и скоро двојно повеќе протеини. Брашното од наут е богато со многу минерали како магнезиум, фосфор, бакар и манган, а веројатно најголемата предност лежи во тоа што не содржи глутен. Затоа е одличен избор за сите оние кои се нетолерантни или алергични на него.

Бесанот (брашното од наут) може да се користи како замена за разни видови брашно, по можност во сооднос „0,5 : 0,5“. Односно да се користи половина од количеството стандардно брашно, а другата половина да биде брашно од наут.

Треба да се има на ум дека содржината на маснотии во бесанот е малку поголема отколку кај другите видови брашно. Затоа треба да се чува во херметички затворен сад на ладно место.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button