Очни болестиСтручна Помош
д-р Марија Јованоска: Конјуктивитис- причини и превенција
Конјуктивитис е воспаление или инфекција на конјуктивата која е поставена под очните капаци. Малите крвни садови во конјунктивата стануваат сеˈ повеќе видливи. Тогаш белката од окото е црвеникава или розова.
Зошто настанува конјуктивитисот? – Најчесто е последица на инфекција со вируси, бактерии, алергиска реакција, присуство на страно тело во окото или блокада на lacrimal канал (канал на солзна жлезда) најчесто кај новороденчиња.
Прегледот кај матичен лекар е потребен за правилна дијагноза, терапија како и одредување на понатамошен план за лекување.
Како да се заштитите и да превенирате конјуктивитис?
- Редовно одржувајте хигиена на рацете
- Не ги допирајте очите со нечисти раце
- Менувајте ја крпата за раце секој ден
- Не ја позајмувајте вашата крпа на други лица
- Менувајте ја навлаката за перница на секои 3 дена
- Одржувајте ги чисти четките за шминка
- Не ги позајмувајте шминките
д-р. Марија Јованоска
Пзу ОМНИС