Здравје од А до ШНевролошки болести

Епилептичен напад: симптоми, компликации, терапија

Епилепсија е хронично невролошко заболување кое се одликува со епилептични напади. Епилептични напади можат да се јават дури и кај луѓе кои не боледуваат од оваа болест.

Кај епилептичарите нападите се повторуваат и може да бидат долги или краткотрајни.

Симптоми на епилептичен напад-ПРОДРОМ

За време на продромот (кој му претходи на акутниот напад) пациентот може да доживее промени во расположението, во однесувањето или главоболки.

Ова може да се случи часови и денови пред почетокот на нападот. Со проширување на електричната активност на целиот мозок, пациентот губи свест и паѓа.

Почеток на епилептичен напад-АУРА

Поимите продром и аура не треба да се мешаат. Аура е почеток на напад и самиот напад. Таа опфаќа палпитации, епигастричен дистрес, вртење на главата или очите или сензорни халуцинации.

Реклама biskviti za deca

1.Губење на свеста

2.Тонична фаза

Таа таре 10-20 секунди и всушност е трајна контракција на сите мускули пратена со:

  • краткорочно свиткување на трупот напред, а потоа подолго свиткување на трупот наназад,
  • подигнати очни капаци и очите свртени нагоре,
  • наизменични грчеви на мускулите на јазикот и долната вилица кога може да дојде до гризнување на јазикот,
  • контракции на мускулите на градниот кош и продолжен експириум што доведува до формирање на „епилептичен крик“,
  • вегетативни феномени: забрзување на пулсот, зголемување на крвниот притисок, зголемување на притисокот на мочниот меур, проширување на зениците, бледило, а потоа цијанотична боја на лицето.

3.Клоничната фаза

Таа трае 30-45 секунди. Започнува со мал тремор и преминува во силни контракции и грчеви на сите мускули на телото и лицето, како и на вилицата и јазикот што доведува до крвава пена во устата

4.Опоравување (постктикален период)

Свеста се враќа по 3-5 минути, но пациентот е збунет и дезориентиран. Дишењето е присутно, но често е отежнато. Овој период завршува со спиење по што пациентот се буди истоштен и слаб.

Компликации

Можни компликации од епилептични напади се:

  • респираторен застој поради опструкција на дишните патишта како резултат на контракција на респираторните мускули и хиперсекреција,
  • повреди и модринки на ‘рбетот, главата и екстремитетите,
  • продолжен епилептичен напад- епилептичен статус,
  • Todd-ова парализа,
  • ретко срцева слабост.

Грижа за пациентот по напад

Заштитете го пациентот со обезбедување на безбедно место за одмор. Кога ќе се освести, охрабрете го и ориентирајте го.

Проценете ги неговите витални знаци и невролошкиот статус со евиденција на следниве податоци:

  • време на почеток и крај на нападот,
  • околности што претходеле на нападот,
  • како изгледаше текот на нападот,
  • што се случи по нападот.

Кога ќе пристигне итната медицинска помош, се воспоставува интравенска линија, како и воздушен пат на пациентот. Пациентот е ставен на следење на срцето и прима антикомулзивни лекови.

Ако нападот е продолжен и пациентот покажува знаци на недостаток на кислород, мора веднаш да се започне со мерки за реанимација.

Поретко, може да биде потребна ендотрахеална интубација за пациентот. Ако нападот продолжи и покрај преземените мерки, пациентот се става под општа анестезија, а ЕЕГ се следи преку монитор за да се утврди кога ќе престане нападот.


Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button