Здравје од А до ШИсхрана

Дали јадете на биро? Еве како оваа навика може на наштети на вашето здравје

Со толку многу задачи на вашата листа со обврски, неодговорени пораки и задоцнети рокови, лесно е да се претпостави дека јадењето додека се обидувате да направите некоја од овие активности ќе ни го олесни денот.

Но, не правете ја оваа грешка бидејќи ништо не може да биде поконтрапродуктивно од јадење на работното биро. Не само што оваа навика може да предизвика здравствени проблеми, туку може и да го намали квалитетот на вашата работа.

Еве неколку работи кои можат да се случат доколку вашата пауза за ручек ја помунувате јадејќи на вашето биро додека се обидувате да сработите нешто плус.

1. Го зголемува нивото на стрес

Доколку вашата пауза за ручек ја поминувајте јадејќи го оброкот на работното биро, тоа значи дека не разграничувате помеѓу работата и заслуженото време за пауза. На сите ни треба малку време подалеку од работната станица. Само тоа може да помогне да се избегнат посериозни проблеми кои вклучуваат стрес и исцрпеност.

Дозволете си мала пауза за вашиот мозок. Тоа може да ви помогне подобро да се концентрирате и да го подобрите расположението за да можете да се вратите на работа посреќни и со свеж ум.

Реклама biskviti za deca

2. Може да предизвика здравствени проблеми

Луѓето кои работат во канцеларија обично седат предолго. Кога избираме да јадеме на нашите бироа, го продолжуваме овој период на седење, што може да предизвика низа здравствени проблеми.

Ова може значително да ги зголеми шансите за развој на срцеви проблеми. Исто така, го намалува протокот на крв во нозете, што може да доведе до разни кардиоваскуларни проблеми.

Поради намалениот проток на крв во нозете, изложени сте на и ризик од проширени вени.

3. Ве изолира од другите

Важно е да одвоите време за дружење во вашиот ден, дури и ако тоа е само кревање на телефонот и повикување пријател. Некои студии покажуваат дека тоа може дури и да биде од корист за нашиот имунолошки систем и функцијата на цревата. Без разлика дали работите од дома или во канцеларија, ние обично се дружиме само нашите компјутерски екрани во текот на денот.

Затоа искористете ја паузата за ручек да поразговарате со вашите колеги или да направите краткок телефонски разгвор.

4. Ја намалува вашата продуктивност.

Заблуда е да се мисли дека јадењето на работна маса може да помогне да заштедите време. Иако можеби мислиме дека мултитаскингот е одличен начин за побрзо завршување на работите, всушност е сосема спротивно.

Ако одберете да јадете сендвич додека се обидувате да завршите некои задачи, голема е веројатноста дека некои (ако не и сите) ќе ги направите погрешно, а сепак ќе ви треба повеќе време за да ги завршите.

5. Ја блокира вашата инспирација и креативност.

Јадењето на вашето биро нема да биде корисно ако барате инспирација. Важен дел од креативниот процес е да се промени средината. Веќе ја спомнавме потребата на мозокот да се одмори, а тоа вклучува и промена на средината.

Следен пат кога ќе имате пауза за ручек, станете од вашето работно биро и направете неколку чекори за да го раздвижите телото. Одбирање на здрав оброк кој ќе ви даде енергија за успешно да го завршите работниот ден исто така игра важна улога во подобрување на вашето здравје.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button