Здравје кај деца

Како полесно да го намалите времето кое вашите деца го поминуваат пред екраните?

Ограничувањето на времето поминато пред екраните од страна на децата стана актуелна тема во последниве години. Се повеќе родители се грижат за негативните ефекти од прекумерното користење на електронски уреди.

Од дебелина и нарушувања на спиењето до анксиозност и лоши социјални вештини, потенцијалните ризици од премногу време поминато пред екраните се многубројни.

Во оваа статија, ќе истражиме неколку практични совети и стратегии кои ќе им помогнат на родителите да го ограничат времето кое нивните деца го поминуваат пред екраните.

Колку време?

Просечното време поминато на екраните е од 7 до 10 часа.

Препораките на Американската Академија на Педијатри за прифатливо време поминато пред екраните е:

Реклама biskviti za deca
  • За деца под 2 години нема воопшто потреба од употреба на електорника;
  • Еден час на ден за деца од 2 до 12 години;
  • Два часа на ден за тинејџери и возрасни;

Ограничувањето на времето поминато пред екраните им помага на родителите да обрнат внимание на она што го гледаат нивните деца на социјалните медиуми и интернет.

Поминатото времето пред екранот влијае на возрасните, како и на децата. Времето потрошено пред екранот го зголемува ризикот од дебелина што е поврзано и со нарушувања на спиењето, но влијае и на социјалните врски/односи.

За деца, особено за тинејџери, постојат студии за негативните ефекти од време поминато онлајн онлајн поврзани со анксиозност, депресија и расеаност.

Во прилог 6 идеи за како да го организирате слободното време на вашите деца.

1. Бидете одговорни

Направете заеднички договор со децата и поставете цели што имаат за цел да го намалат времето поминато пред екраните.

2. Бидете реални

Ако вашите деца поминуваат многу слободно време пред екраните започнете да поставувате помали, остварливи цели.

Наместо веднаш да преминете на точно препорачаното време, однсно час до два или помалку на ден, започнете со преполовување на моменталното време поминато пред екраните.

3. Бидете вклучени во нивното слободно време

По училиште или работа, поминувајте време разговарајќи лице в лице со децата и посветете им целосно внимание.

4. Тргнете ги уредите настрана

Во текот на слободното време, ставете ги уредите подалеку или скријте ги, со цел да не им го привлекуваат вниманието.

Далеку од очи, далеку од ум, зарем не?

5. Направете зони без телефон

Семејните оброци треба да се во зоните без телефон, а тоа звучи како лесен почеток.

6. Излезете

Оставете го телфонот дома и излезете на прошетка. Можете и да играте некоја игра во двор или најблискиот парк. Ова го зголемува вашиот ендорфин, обезбедува чувство на среќа и го подобрува вашето расположение и физичко здравје.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button