Здравје од А до ШФитнес

Тајната врска помеѓу практикување јога и здравјето

Основни начела на јогата се : asana (положба), pranayama (дишење), опуштање, соодветна исхрана, позитивна мисла и медитација. На некои часови се користи практична медитација, мантри т.е зборови или звукови кои се повторуваат во себе и на глас.

Бенефитите од јога се многубројни. Делува на физичката состојба на телото, но и на емоционалната и психичка. Во модерно време, кога стресот е секојдневен, јогата се користи за лекување на разни психосоматски состојби како анксиозност, депресија, болки во грбот, главоболка и мигрена.

Покрај тоа што ги зајакнува и тонизира мускулите го одржува телото еластично и витко, јогата ја тренира човековата психа. Со други зборови, со изведување на одредени движења и нивно повторување, со соодветен ритам на дишење, градиме мускулна маса, но и ментална снага. Тоа води до подобрубање на крвоносниот систем и урамнотежување на телото и духот.

Без разлика на тоа кој стил на јога ќе го изберете, неоспорливи се нејзините позитивни ефекти врз здравјето:

  • флексибилност – со изведување на серии асани, се растегнуваат мускулите и лигаментите и се зголемува подвижност на зглобовите,
  • сила практикување на некои динамични стилови на јога, како ashtangа или power joга, значајно помага во градење на мускулна маса,
  • исправено држење на телото- со зголемена флексибилност и зајакнување на мускулатурата, доаѓа и подобро држење на телото,
  • дишење – правилно дишење го зголемува капацитетот на белите дробови, акцентот е ставен на продлабочување на инспириумот,
  • помала напнатост, поголема смиреност-дури и почетниците велат дека се помалку напнати после неколку часови јога,
  • концентрација – истражувањата покажале и подобрување на концентрација кај лица кои постојано вежбаат,  
  • срце и крвоносен систем се смета дека има поволен ефект врз срцето и крвните садови, го намалува крвниот притисок, успорува работа на срцето, регулира фрекфенција на срцето,
  • останати бенефити – намалува болки во ‘рбетниот столб, помага при инсомнија,а некои сметаат дека ги ублажува симптомите на мултипла склероза.

Што е потребно за да почнеш?

За вежбање јога не е потребна никаква посебна опрема или облека, најчесто се вежба на подлога кој не се лизга. Се препорачува да вежбате без патики и чорапи за да не се лизгате за време на изведување на одредени асани. Најдобро време за јога е рано наутро, пред доручек или пред заоѓање на сонцето. Не се препорачува да вежбате два до три часа после јадење.

Реклама biskviti za deca

Ви предлагаме да усвоите барем неколку преопраки од јога-учителите кои може да ги применувате во секојдневниот живот, а тоа се:

  • во секој момент кога ќе почувствувате напнатонст, вдишете длабоко и олабавете ги рамењата,  
  • кога одите, обрнете внимание на контактот на вашите стапала со подот и усмерете го вниманието кон дишењето,  
  • кога стоите подолго време, бидете свесни за својот инспириум и опуштете ги рамењата,  
  • додека седите или одите, држете го ‘рбетот исправен.
Јога за почетници

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button