Здравје кај деца

Правилна исхрана за бебе од 8 до 12 месеци

Кога бебето ќе наполни 8 месеци, во неговата исхрана почнува да доминира цврстата храна. Тоа е време кога од пасирана бебешка храна и кашички полека се преминува кон редовната семејна исхрана.

Развојот на бебето одредува која храна ќе ја јаде, каков ќе биде оброкот и каков ќе биде начинот на јадење.

За емоционален, нутриционистички и физички развој, на новороденчето му треба храна богата со хранливи материи.

Пасирано месо, овошје, зеленчук, житарици и млеко или млечна формула обезбедуваат оптимални количини на протеини, витамини и минерали за неговиот раст.

Кога е идеалното време?

На возраст од осум месеци, доенчето почнува да сфаќа дека може да ги користи показалецот и палецот за да земе парчиња храна. Бебињата сакаат да јадат сами.

Реклама biskviti za deca

Ова е идеално време да му понудите храна од ваша рака и да го вклучите во процесот на јадење. Може да му понудите бисквит, банана, парчиња круши, праски, коцки сирење, варени макарони.

Во овој период од развојот на детето и рибата (ослиќ, лосос, лист, пастрмка, штука) треба да се воведе во исхраната на новороденчето.

Зелен зеленчук, мешунки, зелка и свежи домати. Парчиња свежо овошје, вклучувајќи цитруси (портокал, мандарина, лимон) може да се додадат во закуската.

Млекото сè уште останува важен дел од исхраната на децата, без оглед дали е доење или во форма на прилагодена млечна формула.

На нашиот пазар, постои формула со ознака 3, наменета за доенчиња на возраст од осум до осумнаесет месеци.

Наменета е за исхрана на деца во фаза на премин од мајчино млеко (или стандардни формули) во кравјо млеко

Дневни потреби на доенчиња на возраст од 8 месеци

  • доење или прилагодена формула за млеко (600ml за 24 часа)
  • количина по оброк: 180-250 мл
  • житарки: 120-150 мл
  • сецкано овошје и зеленчук: половина чаша, или 60-90 гр, или четири до шест лажици
  • сецкано или мелено месо, риба, живина: две до четири лажици (30-60 гр.)
  • овошен сок: 60-120 мл

Дневни потреби на доенчиња на возраст од 9 до 10 месеци

  • мајчино млеко: количината варира
  • адаптирана формула за млеко: 600 до 800 мл
  • житарки: осум до десет лажици, или 120 до 150 мл
  • зеленчук: шест до осум лажици, или 90 до 120 гр
  • овошје: шест до осум лажици, или 90 до 120 гр
  • месо, риба: четири до шест лажици или 60 до 90 гр
  • овошен сок: 120 ml

Дневни потреби на доенчиња на возраст од 11 до 12 месеци

  • мајчино млеко: количината варира
  • формула или „полномасно млеко“ – со максимален процент на млечни маснотии: 600 до 800 мл, вклучувајќи јогурт и сирење.
  • житарки: осум до десет лажици, или 120 до 150 мл
  • зеленчук: шест до осум лажици, или 90 до 120 гр
  • овошје: шест до осум лажици, или 90 до 120 гр
  • месо: четири до осум лажици, или 60 до 120 гр
  • овошен сок: 120 мл
  • леб: половина или цело парче

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button