ИсхранаЛекови и суплементи

Сè што треба да знаете за витамиот А

Витаминот А е првиот откриен витамин, затоа е именуван со првата буква од латиницата. Тој е особено важен за одржување на добар вид, за добрата состојба на коските, кожата, косата, забите и непцата. Без доволно витамин А, организмот е посклон кон инфекции.

Препорачан внес на витамин А

Препорачаните дневни потреби од витамин А варираат во зависност од полот и возраста на лицето.

  • Бебиња (3 години и помалку) – 300µg
  • Деца (4-8 години) – 400µg
  • Деца (9-13 години) – 600µg
  • Тинејџери (14-18 години) – 900µg
  • Возрасни (19 години и нагоре) – 900µg
  • Бремени жени (18 години и надолу) – 750µg
  • Бремени жени (18 години и нагоре) – 770µg
  • Доилки (18 години и надолу) – 1 200µg
  • Доилки (18 години и нагоре) – 1 300µg

Симптоми при дефицит на витамин А

Некои од симптомите кои се појавуваат при дефицит на витамин А се: склоност кон вирусни инфекции, ноќно слепило, алопеција (опаѓање на косата), загуба на апетит, проблеми со коските.

Суфицит на витами А

Консумирањето на премногу витамин А, обично по пат на суплементи или одредени лекови, може да предизвика вртоглавици, гадење, главоболки, кома, па дури и смрт.

Високите дози на витамин А кај бремените жени, исто така може да предизвикаат вродени дефекти кај нивните бебиња. Затоа трудниците не треба да внесуваат високи дози на овој витамин.

Реклама biskviti za deca

Консумирањето на големи количини на бета-каротин или други форми на провитамин А, може да ја промени бојата на кожата во жолто-портокалова, но оваа состојба е безопасна.

Храна богата со витамин А

Витаминот А природно се наоѓа во многу прехранбени производи и е додаван во некои производи, како млекото и житарките. Може да го обезбедите дневниот препорачан внес на овој витамин јадејќи разновидна храна, а особено следниве јадења:

  • Говедски црн дроб и други видови на месо. Лошата страна е што овој вид храна содржи големо ниво на холестерол и затоа треба да се консумира умерено;
  • Зелен листест зеленчук и други зелени, портокалови и жолти зеленчуци, како брокулите, морковот и тиквичките;
  • Овошје, вклучувајќи диња, папаја, праски, кајсии и манго;
  • Некои видови риба, како што е лососот;
  • Мусли;
  • Млечните производи.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button