Здравје од А до ШФитнес

Како најлесно да се справите со воспалени мускули

Нормално е мускулите да ви бидат заморени после вежбање или некоја друга активност, дури и извршување на домашни задачи. Тоа се случува ако нагло сте ги промениле интензитетот, времетрањето и видот на вежбите кои вообичаено ги вежбате.

Промена на рутината на вежбање може да доведе до повреда на мускулни влакна и сврзното ткиво што еден ден потоа резултира со болка во мускули.

Ова се нарекува одложена болка на мускулите, а најинтензивна е 48 часа после активностите и потоа постепено почнува да се намалува. Мускулите на нозете често знаат да патат од оваа одложена болка, особено по интензивен тренинг то тежини.

Добрата вест е што со повторување на истата активност, мускулите се привикнуваат. Но тоа значи дека ако сакате да напредувате, треба постепено да го зголемувате интензитетот или времетраењето на вежбањето.

Ако осетите болка во зглобовите тоа е обично знак за остеоартритис кој се јавува како резултат на трошење на рскавицата. Болките во зглобот може да бидат предизвикани од преоптеретеност при тренинг и бројни повреди. Покрај тоа, постојат повреди на лигаменти и менискуси кои исто така предизвикуваат болка.

Реклама biskviti za deca

Како да постапам кога ќе почувствувам болка?

Едно од најпоставуваните прашања од луѓе кои имаат некои од горенаведените проблеми е дали треба да користат топлина или лед кога ќе почувствуваат болка.

Експертите велат дека најдобро решение е да се користи лед во моментот на повреда за да се превенира воспалителен процес. Потоа и топлина која ќе помогне  да се подобри протокот на крв на местото на повреда. Топлината може да ги ублажи и болки во зглобовите.

Лековите кои помагаат се нестероидни антиинфламаторни лекови. Но, долготрајно земање на овие лекови може да го попречи самообновувањето на мускулите. Посебно треба да бидат внимателни луѓе со улкус на желудник, дуоденум, болести на бубрек и слично.

И некои природни супстанции може да се користат за намалување на болка во мускули како витамин Ц и други антиоксиданси.

Може ли да се спречи воспаление на мускули?

За да се превенира воспаление на мускули задолжително е загревање пред тренинг и истегнување после тренинг.
Ако имате било каков здравствен проблем, најдобро е да се консултирате со лекар за тоа каков тип на вежби се најсоодветен за вас.

Исто така, пијте доволно вода по, и за време на, вежбањето

Бета-аланин

Бета-аланин е амино киселина која природно се произведува во телото. Се наоѓа и во одредени видови храна како пилешко и говедско месо. Тоа е популарна состојка во многу спортски додатоци бидејќи може да помогне да се зголеми нивото на карнозин во мускулите.

Карнозинот е дипептидна молекула составена од бета-аланин и хистидин и игра важна улога во регулирањето на киселоста на мускулите за време на вежбањето. Кога мускулите се собираат, тие произведуваат киселина (водородни јони), што може да предизвика замор и болки во мускулите. Карнозинот помага да се неутрализираат овие водородни јони и да се одложи почетокот на замор.

Со зголемување на нивото на мускулниот карнозин, дополнувањето на бета-аланин може да ги подобри перформансите на вежбањето и да ја намали болката во мускулите. Истражувањата покажаа дека суплементацијата на бета-аланин може да го зголеми нивото на мускулниот карнозин до 80% и да го намали мускулниот замор и болка за време на вежбање со висок интензитет.

Нашиот предлог е PhD- Beta Alanine во капсули кој може да по нарачате онлајн тука.

Масажата ги лечи болните мускули

Масажата по напорниот тренинг е несомнено ефикасен третман кој ја ублажува перцепцијата на болката. Со тоа и поддржува и подобра регенерација на мускулите. Професионалните спортисти и здравствените работници долго време тврдат дека третманот со масажа го олеснува воспалението на мускулите. Исто така ја подобрува циркулацијата и ја намалува напнатоста на мускулите, а со тоа се промовира заздравување на болки во мускулите.

Неколку совети околу масажата:

  • Не јадете барем еден час пред масажата;
  • Пред третманот, задолжително истуширајте се, не само од хигиенски причини, туку и како воведна процедура за релаксирање за ексфолијација на површинска кожа и релаксација на мускулите;
  • Препорачливо е да не го исплакнете маслото нанесено на кожата за време на масажата, бидејќи со текот на времето ќе ја храни кожата;
  • После масажа, препорачливо е да пиете чаша вода или незасладен пијалок и да одвоите време да се опуштите, така што ефектот на третманот ќе заврши.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button