Дијабетес

Која е разликата помеѓу дијабетес инсипидус и дијабетес мелитус?

Дијабетес е хронична, незаразна болест која ги нарушува механизмите во организмот кои го контролираат нивото на шеќер во крвта.

Постојат два основни типа на дијабетес: дијабетес инсипидус и дијабетес мелитус.

Дијабетес инсипидус

Diabetes insipidus  е метаболичко нарушување кое е предизвикано или од дефицит на вазопресин, хормон од хипофизата или од неспособност на бубрегот соодветно да реагира на овој хормон.

Карактеристика на овој тип дијабет е константно чувство на жед. Исто така и продукција на голема количина на урина без разлика на количината на течност која се внесува во организмот.

Дијабетес мелитус

Diabetes mellitus е резултат на дефект во продукцијата на инсулин, хормон од панкреасот. Тоа е хронично пореметување на метаболизмот кое со тек на време го зголемува ризикот од појава на:

Реклама biskviti za deca
  • бубрежни болести
  • атеросклеорза
  • слепило
  • неуропатија (губење на функцијата на одредени нерви)

Diabetes mellitus се дели на два потитипа: тип 1- дијабет зависен од инсулит и тип 2-дијабет независен инсулин.

  • Тип 1 е поврзан со бета клетките или станици на панкреасот (клетки кои произведуваат инсулин). Најчести симптоми се: често мокрење, континуирано чувство на жед, инсомнија, слабост, умор, губење на телесна тежина дури и при нормална исхрана и почесто чувство на глад.
  • Тип 2 се јавува почесто кај луѓе кај кои има фамилијарна историја за дијабет. Кај овој облик на болеста, панкреасот лачи нормално количество на инсулин, но тој е неактивен. Симптомите влкучуваат замаглен вид, сврбеж, често чувство на жед, инфекции на кожата, бавно зараснување на рани, потење, слабост и отоци на нозете.

Сепак ова е обемна болест за којашто има навистина многу работи кои треба да ги знаете, како начин на исхрана при различен тип на дијабет, нормални и абнормални вредности на шеќер во крвта, природни лекови кои превенција, дијагноза и терапија.

И најважно од сè е да не ги занемарите сигналите кои телото ви ги испраќа, да не се лекувате сами, а доколку веќе сте дијагностицирани со кој било вид на дијабет, мора да се придржувате до терапијата и насоките кои ви ги дава вашиот лекар, затоа што доколку дијабетесот не е лекуван може да биде животозагрозувачки.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button