ПсихологијаХрана и живот

Тесната врска помеѓу начинот на исхрана и депресијата

Понекогаш, кога се депресивни, луѓето јадат за да се чувствуваат подобро. За жал, храната по која посегнуваат има спротивен ефект.

Јадењето нездрава храна кога сте депресивни всушност може да направи да се чувствувате уште полошо.

Главните виновници за ова се намирници која содржат големи количини од следново:

  • заситени масти
  • рафинирани шеќери
  • состојки што се прмногу обработени
  • кофеин

Придржување до здрава исхрана и редовно вежбање може да ви помогне да управувате со симптомите на депресија. Може да се случи и тие целосно да исчезнат.

Јадењето оброци во редовни интервали е првиот чекор до здравата исхрана. Следниот чекор е да ја изберете вистинската храна.

Реклама biskviti za deca

Кофеин и слатка храна

Целосно елиминирање на кофеинот може да биде тешко за многу луѓе. Сепак, добро е да пиете само умерена доза на кофеин, особено кога имате симптоми слични на депресија.

Кофеинот може да го наруши режимот на спиење и да ве натера да се чувствувате вознемирени, а тие две работи нема да помогнат со вашата депресија.

Луѓето кои пијат повеќе од 400 милиграми кофеин дневно, што е еквивалентно на четири шолји кафе, треба да размислат за намалување.

Избегнувањето на рафиниран шеќер е уште еден начин да го подобрите вашето расположение. Шеќерот на почетокот може да ве натера да се чувствувате поенергични, но нема да трае долго.

Наместо тоа, придржувајте се кон храна која ќе го одржува шеќерот во крвта на рамномерно ниво. Јадењето на следната храна ќе ви даде стабилно ниво на енергија:

  • Протеин
  • Сложени јаглехидрати, како што се мешунки
  • Овошје и зеленчук

Алкохол и нелегални дроги

Кога се чувствувате депресивни, може лесно да се свртите кон алкохол или други методи на „само-лекување“.

Можеби ќе почувствувате краткорочно олеснување, но овие супстанции обично само ги влошуваат работите.

Алкохолот и дрогата ги пореметуваат вашите циклуси на спиење и предизвикуваат промени во расположението и анксиозност.

Ако земате какви било лекови на рецепт, нивното мешање со алкохол може да предизвика несакани ефекти, па дури и да го спречат дејството на овие лекови.

Разговарајте со вашиот лекар ако имате проблем да се воздржите од дрога или алкохол.

Храна која може да помогне

Јадењето јаглехидрати го поттикнува вашиот мозок да ослободи серотонин што го подигнува расположението.

Така, јадењето на вистинскиот вид на јаглехидрати може да биде добар избор кога се чувствувате депресивни. Држете се до здрави јаглехидрати како:

  • Овошје
  • Зеленчук
  • Храна богата со растителни влакна

Омега-3

Главната придобивка поврзана со омега-3 е подобрената функција на мозокот. Неколку студии покажаа дека храната која содржи омега-3 може да ви помогне да ги контролирате симптомите на депресија. Храната која е добар извор на омега-3 вклучува:

  • Риба
  • Јатки
  • Масло од канола
  • Масло од ленено семе
  • Листест зеленчук

Витамин Д

Неколку студии покажаа дека луѓето кои имаат дефицит на витамин Д почесто покажуваат симптоми поврзани со депресија.

Витаминот Д можете да го добиете од сонцето, но можете да го добиете и преку храната. Погрижете се редовно да јадете храна која содржи витамин Д, како што е:

  • Риба
  • Тофу
  • Млеко

Селен

Селенот е елемент кој е неопходен за добро здравје. Неколку студии сугерираа дека земањето селен може да го намали чувството на депресија. Селенот може да се најде во:

  • Јатки
  • Мешунки
  • Морска храна

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button