Кожа

Како да се справите со црвенилото на лицето на природен начин?

Розацеа е честа хронична болест на кожата која предизвикува црвенило на централните делови на лицето и хиперплазија на сврзното ткиво на кожата и лојните жлезди. Ако не се лекува, има тенденција да се влоши со текот на времето. Знаците и симптомите на оваа болест можат да се појават во период од неколку недели до месеци, а потоа да се намалат и повторно да се разгорат.

Во третманот на розацеа, се користат различни природни методи на лекување.

Рибофлавин

Витаминот Б2 се покажа како ефикасен бидејќи розацеата е предизвикана од негов недостаток.

Употреба на витамин Б2 во количина од 50 мг на ден се покажа како одлична комбинација во третманот на розацеа. Бидејќи е многу тешко да се најде посебен Б2, Б комплекс може да се користи и во третманот.

Витамин Ц

Треба да се консумира два пати на ден во количина од 500 мг.

Реклама biskviti za deca

Омега 3

Треба да се конзумира два пати на ден во количина од 600 мг.

Сок од морков

Во третманот на розацеа, можете да користите и свежо исцеден сок од морков, поточно 100 ml пред секој главен оброк.

Чај

Истурете две супени лажици ситно исецкан сиров лист од ајдучка трева, лисја од коприва и дабова кора, во 1,2 л врела вода. Оставете покриено најмалку 90 минути. Процедете добро и засладете со домашен мед. Чаша од овој чај треба да се пие пред и после секој главен оброк.

Исто така, се препорачува еден литар чај од глуварче, коприва, камилица или календула, дневно.

Масло од кантарион

Може да користите природна маст од календула или масло од кантарион за да ги ублажите симптомите.

Секако, не смеете да очекувате дека целосно ќе ја излекувате розацеата со природни лекови и немојте да се разочарувате ако не успеете во тоа. Природните лекови ќе ви послужат за убважување на симптомите и се дополнување на основната терапија препишана од лекар.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button