Имунолошки систем

Што е Кушингов синдром (Morbus Cushing)?

Кушингов синдром, познат и како хиперкортизолизам или Морбус Кушинг, е хормонално нарушување кое се карактеризира со прекумерно производство на кортизол.

Кортизолот е хормон кој се ослободува од надбубрежните жлезди, кои се наоѓаат на врвот на бубрезите. Ова нарушување го има добиено името по научникот кој го прв го опишал Кушинговиот синдром – Американскиот неврохирург Харви Кушинг.

Што вусшност претставува Кушингов синдром ?

Кушингов синдром може да биде предизвикан од различни фактори, а специфичната причина може да го одреди текот на лекувањето. Еве ги основните причини за Кушингов синдром:

  1. Прекумерно производство на кортизол: Ова често се должи на неканцерозен тумор во хипофизата наречен аденом, кој ослободува прекумерна количина на адренокортикотропен хормон (ACTH). ACTH, пак, ги стимулира надбубрежните жлезди да произведуваат повеќе кортизол. Оваа форма на Кушингов синдром е позната како Кушингова болест и претставува најголем дел од случаите.
  2. Тумори на надбубрежните жлезди: Туморите може да се развијат во едната или двете надбубрежни жлезди, што доведува до хиперпродукција на кортизол. Повеќето од овие тумори се неканцерозни (аденоми), но во некои случаи, тие можат да бидат канцерогени (адренокортикален карцином).
  3. Долготрајна употреба на кортикостероиди: Долготрајната употреба на лекови кои содржат кортикостероиди, како што се преднизон, дексаметазон или хидрокортизон, може да резултира со Кушингов синдром. Овие лекови најчесто се препишуваат за состојби како астма, автоимуни нарушувања, трансплантација на органи и одредени воспалителни болести. Кушингов синдром предизвикан од употреба на лекови се нарекува егзоген Кушингов синдром.
  4. Ектопично производство на ACTH: Во ретки случаи, одредени тумори надвор од хипофизата или надбубрежните жлезди можат да произведат ACTH, што доведува до зголемено производство на кортизол. Овие тумори, кои можат да се појават во белите дробови, панкреасот, тироидната жлезда или други делови од телото, обично се канцерогени.

Клиничка слика

Клиничките манифестации вклучуваат заоблено, плеврално лице, дебелина со изразени над-клавикуларни и задни-цервикални масни наслаги и претежно тенки екстремитети и прсти. Кожата е тенка и атрофична, на која тешко се лекуваат раните.

Хипертензија, камења во бубрезите, остеопороза, намалена отпорност на инфекции, намалена толеранција на глукоза и ментални нарушувања се најчести. Престанок на растот се јавува кај деца, додека кај жените менструалниот циклус е нередовен.

Реклама biskviti za deca

Дијагноза

Дијагнозата се поставува врз основа на медицинска историја која вклучува терапевтска употреба на кортикостероиди или врз основа на покачени вредности на кортизол.

Третман

Терапијата зависи од причината. Сепак, првиот чекор вклучува диета богата со протеини и адекватен внес на калиум. Понатамошен третман може да биде терапија со лекови или операција.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button