Кожа

Јадете бадеми за ја намалите видливоста на брчките

Новата студија, која користела техника за фотографирање со висока резолуција, покажува намалена ширина и изразување на брчки кај жени во менопауза, кои јаделе бадеми како дневна закуска.

Бадемите  се поврзани со многу здравствени придобивки, бидејќи се полни со витамини, минерали, протеини и растителни влакна.

Студијата вклучува 28 здрави жени во постменопауза со тип на кожа која е склона кон изгореници. Првата група на жени консумирале околу 60г. бадеми дневно. Втората група жени консумирале 60г. грицки, кои не содржат бадеми, дневно. Процена на состојбата била направена во првата недела и по 4, 8, 12 и 16 недела.

После 16 недели, кај жените од првата група ширината на брчките се намалила за 10%. Изразот на брчките пак, се намалил за 9%.

Резултатите од оваа студија посочуваат дека дневната консумација на бадеми може да игра улога во намалувањето на сериозноста на брчките кај жените во менопауза. 

Реклама biskviti za deca

Храната како средство за промовирање на здравјето на кожата, т.е. идејата дека „здравјето доаѓа одвнатре“, станува сè поинтересно за оние кои бараат начини за здраво стареење, посочуваат лекарите.

Бадемите се богат извор на витамин Е, антиоксиданс, кој помага во заштитата од оксидативниот стрес. Тоа значи дека ги штити клетките од воспалителни прроцеси и процес на стареење. Исто така содржат есенцијални масни киселини и полифеноли.

Тие се паметен избор за квалитетна и вкусна закуска.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button