Здравје кај жениТироидна жлезда

Како недостатокот на железо кај трудници е поврзан со тироидната жлезда?

Во споредба со мажите, за кои дневна препорачана доза за внес на железо е 8 мг., жените имаат поголеми потреби за овој минерал, особено во текот на бременоста. Во тој период дневна препорачана доза е 27 мг.

Нискиот внес на железо може да доведе до развој на анемија. Анемијата сѐ уште претставува светски проблем, а во текот на бременоста е поврзана со компликации како спонтан абортус и предвремено породување.

Истражување

Дисфункцијата на тироидната жлезда е исто така поврзана со компликации во бременоста, а железото е важно во производството на тироидните хормони. Затоа новата белгиска студија испитува дали недостаток на железо е поврзано со дисфункција на оваа важна жлезда.  

Студијата проследила околу 1.900 бремени жени во текот на првиот триместар и ги проценила нивните резерви на железо и функцијата на тироидната жлезда.

Резултати

Резултатите покажале дека дури 35% од испитаниците имале недостаток на железо. Меѓу нив, забележан е напреден автоимун процес на тироидната жлезда во 10%.

Реклама biskviti za deca

За споредба, кај трудници со нормално ниво на железо, 6% покажале автоимуно нарушување. Понатаму, студијата покажа дека 20% од жените со недостаток на железо имаат субклинички хипотиреоидизам, споредено со 16% кај останатите учесници.

Инаку, субклиничкиот хипотиреоидизам се карактеризира со покачено ниво на TSH.

Заклучок

Зачуваната функција на тироидната жлезда е исклучително важна за правилен развој на бебето. А токму овие резултати ја потенцираат важноста на внесување доволно железо пред и за време на бременоста.

Нови истражувања се во тек. Следниот чекор треба точно да се потврди дали недостаток на железо предизвикува проблеми со тироидната жлезда или проблеми со тироидната жлезда доведуваат до недостаток на железо.

Доколку имате симптоми на недостаток на железо, обратете се кај вашиот лекар.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button