Исхрана

Брусница-синоним за здравје

Брусница е нискокалорично овошје на кое му се препишуваат на многубројни тераписки својства.
Индијанците во минатото ја употребувале за лекување на рани, а подоцна се употребувала како еден вид исхрана кога ќе изгубеле апетит.
Брусница, (Vaccinum macrocarpon) припаѓа во ситно овошје кое расте во ладните предели на Северна Америка и Северна Европа.

Нутритивен состав на брусницата

Поради киселиот вкус, многу ретко ја конзумираме во секојдневието. Најчесто ја конзумираме во облик на сок кој е главно засладен и секако има разни видови на вештачки шеќери. Меѓутоа, наш предлог за конзумирање на брусницата би било во  форма на сушена брусница, џем од брусница или брусница во облик на прав кој се користи како додаток на исхраната.

Во 100 грама брусница има:

Здравствени придобивки од брусница:

  • богата со витамини и минерали,
  • антибактериско дејство против разни бактерии и габички во телото,
  • ефикасна е против инфекција на уринарен тракт предизвикана од Escherichia coli,
  • ефикасна е против инфекции со Helicobacter pylori,
  • превенира појава на карцином на дојка и дебело црево и др.,
  • го намалува шеќерот во крвта,
  • помага при стресни состојби,
  • превенира кардиоваскуларни заболувања.

Затоа, обидете се брусницата да биде составен дел од вашата секојдневна исхрана.

Реклама biskviti za deca

Брусница и нејзините придобивки за спречување на инфекции на уринарниот тракт

Миа Симоновска

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button