Исхрана

Лоши комбинации на храна кои му штетат на метаболизмот

Иако многу луѓе сакаат да консумираат месо со компири, леб или ориз, ова се смета за лоша комбинација на храна. Не се препорачува да се консумираат јаглехидрати и животински протеини во истиот оброк.

Имено, храната со скроб (компири, ориз, бел леб) е изложена на ферментација, а протеините од животинско потекло се задржуваат долго во стомакот. Сето тоа заедно доведува до проблеми со варење, надуеност, гасови и металоиди.

Консумирањето слатки како колачи, пити и чоколадо после обилен оброк во кој доминира месото, го отежнува варењето на храната. Исто така, не се препорачува консумирање млеко и млечни производи за време и после оброк богат со животински протеини.

Овошјето како и јаткастите плодови најдобро е да се јадат одделно, бидејќи се најздрави.

Ритам на исхрана

Реклама biskviti za deca

Потребни се три до четири часа помеѓу два оброка за да се овозможи дигестивниот систем да има време да се одмори за следниот оброк.

Оброците не треба да се прескокнуваат, а особено е важен појадокот, за кој не се препорачуваат слатки и брза храна. Тешката храна пред спиење исто така не се препорачува, бидејќи негативно влијае на квалитетот на сонот и спиењето. Меѓутоа, ако сте многу гладни пред спиење, можете да јадете салата.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button