Очни болестиСтручна Помош

д-р Марија Јованоска: Конјуктивитис- причини и превенција

Конјуктивитис е воспаление или инфекција на конјуктивата која е поставена под очните капаци. Малите крвни садови во конјунктивата стануваат сеˈ повеќе видливи. Тогаш белката од окото е црвеникава или розова.

Зошто настанува конјуктивитисот? – Најчесто е последица на инфекција со вируси, бактерии, алергиска реакција, присуство на страно тело во окото или блокада на lacrimal канал (канал на солзна жлезда) најчесто кај новороденчиња.

Прегледот кај матичен лекар е потребен за правилна дијагноза, терапија како и одредување на понатамошен план за лекување.

Како да се заштитите и да превенирате конјуктивитис?

  1. Редовно одржувајте хигиена на рацете
  2. Не ги допирајте очите со нечисти раце
  3. Менувајте ја крпата за раце секој ден
  4. Не ја позајмувајте вашата крпа на други лица
  5. Менувајте ја навлаката за перница на секои 3 дена
  6. Одржувајте ги чисти четките за шминка
  7. Не ги позајмувајте шминките

д-р. Марија Јованоска

Реклама biskviti za deca

Пзу ОМНИС

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button