Здравје кај жени

Сојузници во борбата против женска неплодност

Постојат одредени производи кои доколку се користат редовно и правилно можат, на природен начин, да ја подобрат плодноста кај жената.

Во природната борба против стерилитетот помагаат зелен, лиснат зеленчук, лешници, бадеми, матична млеч и тн.

Во прилог ви споделуваме намирници кои треба да ги пробате доколку страдате од неплодност.

Мед

На жените медот им се препорачува како природен лек против стерилитет. Доволно е во половина килограм мед да помешате 50 грама цимет во прав и од оваа мешавина да консумирате секое утро по една лажичка со чаша малака вода. По 15 дена консумирање, направете 15 дена пауза. Потоа можете повторно да ја консумирате мешавината.

Цимет

Оваа намирница се покажала ефикасна во прироно лечење на полицистични јајници, ендометриоза и аменореја.

Реклама biskviti za deca

Можете да го консумитате со житарици, салати, колачи, а препораката е тоа да биде најмногу две лажички дневно.

Урми

Поради тоа што содржат голема количина витамини и минерали, урмите се одличен извор за жени кои планираат да забременат.

За да подготвите напиток: смелете 10-12 урми без семки и помешајте ги со две лажички коријандер ( кинески магданос). На смесата додадете и две шолји млеко и варете додека не зоврие. Оладениот напиток консумирајте го еднаш дневно.

Kалинка

Уште една намирница за подобрување на женската плоност позната по своите благотворни ефекти врз матката. Освен во природен облик или свежо цеден сок, од кората и семките може да подготвите прав и да го сладирате во стаклена тегла. По потреба може една кафена лажица од правот да растворите во чаша топла вода. Овој напиток може да го консумирате во тек на неколку недели наутро или во текот на денот. Ефектот позитивно ќе ве изненади, не напразно е кажано дека калинката е симбол на плодноста.


АМ

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button