Намирници кои треба да ги имате во вашата кујна за брзи и здрави оброци
Ако некогаш сте уживале во славната комбинација од тестенини и сирење, знаете дека за брзите и вкусни оброци не секогаш се потребни фенси состојки.
Кога имате зафатен распоред зарем не би било убаво секој оброк да биде толку лесен?
Клучот е во тоа постојано да ги имате вистинските состојки при рака. Со неколку клучни намирници во вашата кујна брзите и лесни оброци не мора да бидат луксуз.
Црн грав
Црниот грав во кујна е како црн фустан во гардароберот. Оди со речиси сè.
Пробајте го во:
- врап
- супа
- плескавици од грав
- салати
- мешавини од зеленчук
Здравствени придобивки
Ако постоеше награда за сеопфатна високо хранлива храна, црниот грав ќе беше главен кандидат. Тој е богат и со протеини и со растителни влакна, две хранливи материи познати по тоа што помагаат да се одржи здрава тежина.
Црниот грав исто така е богат со антиоксиданси и помага со контрола на шеќерот во крвта.
Пилешко
За брз и лесен оброк не можете да погрешите со претходно зготвеното пилешко месо.
Пробајте го во:
- тестенини
- манџа
- салати
- сендвичи
Здравствени придобивки
Пилешкото е добар извор на протеини. Додавањето пилешко во вашата исхрана може да помогне во губење на тежината, раст на мускулите и здравјето на коските.
Конзервирана туна
Уште еден протеин: конзервирана туна! За разлика од свежата риба, која бара готвење, конзервираната туна е брз пат до многу ручеци и вечери.
Предлози за подготовка:
- Уживајте во тестенини во медитерански стил со вашите омилени тестенини.
- Додадете свеж босилек.
- Исцедете свеж лимон.
- Направете туна сендвич со салата.
Здравствени придобивки
Покрај значајната содржина на протеини, конзервираната туна содржи и омега-3 масни киселини. Овие здрави масти се поврзани со многу здравствени придобивки, од намален ризик од кардиоваскуларни болести до подобар сон.
Кускус
Кога немате време да варите тестенини, кускусот е вистински избор. Готов е за само 5 минути.
Предлози за подготовка:
- Измешајте го со варено пилешко.
- Додадете свеж зеленчук како домати и краставици.
- Дидадете малку фета сирење.
- Посипете со маслиново масло.
Здравствени придобивки
Ако не ви пречи да потрошите некој денар повеќе, одлучете се за кускус од пченица. Тој е богат со повеќе влакна од рафинираната сорта, а тоа помага да се оптимизира варењето, ве одржува сити и да ги храни здравите бактерии во цревата.