Здравје од А до Ш

Водич за убавина: сѐ што треба да знаете за нега на лице и тело

Внимателно прочитајте го списокот на состојки на вашите лосиони за нега и убавина.

Тие може да содржат хемикалии кои можат да бидат штетни за негата на телото, вклучувајќи парабени, фталати и нафтени производи.

Шампон од сода бикарбона- спас за вашата коса

Рецептот за шампон од сода е многу едноставен.

Сода бикарбона се меша со вода во размер 1:3. На пример, за коса долга до рамена доволни се 2-3 лажици сода.

Смесата се нанесува на сува или мокра коса од коренот кон краевите и се остава 1 до 3 минути. Потоа се мие со вода.

Реклама biskviti za deca

После тоа се мие и со мешавина од бел јаболков оцет и вода во размер од 1:4. За да се намали мирисот на оцет иако тој брзо испарува, во смесата може да додадете и неколку капки етерично масло од лаванда, рузмарин или мента.

По миењето со таа смеса се пушта млаз ладна вода. Ладната вода помага да се задржи влагата во влакната за косата да не изгледа суво и дава сјај.

Јаболков оцет за сјајна коса

Овој метод и придонесува за одличен квалитет на косата и pH баланс. Исто така го стимулира растот на косата и ја прави кожата на главата поздрава.

Тој ја чисти косата и и дава волумен и сјај, а исто така го спречува и нејзиното опаѓање. Јаболковиот оцет го намалува чешањето на кожата на главата и го елиминира првутот така што ги уништува бактериите или габите кои се затвориле во фоликулите на влакната.

Содржи алфа-хидроскилна киселина, па со миењето ќе ги отстраните и сите наслаги од вашите омилени производи за обликување на косата.

Оцетот од јаболка ги убива сите бактерии и го отстранува првутот. Ја поттикнува циркулацијата на крвта во малите крвни капилари.

Има големо антифунгално и антивирусно дејство и е моќно средство против инфекциите на кожата на главата.

Шеа путер како серум за коса

За подготовка на овој домашен путер потребни ви се:

  • 5 лажици шеа путер
  • 5 лажици алое вера гел
  • 4 лажички кокосово масло (или друго по ваш избор)
  • 20 капки етерично масло (наш предлог е од рузмарин или портокал)

Како третман за коса може да го користите на неколку начини и тоа:

  • маска за коса пред шампонирање: нанесете го на благо навлажнета коса и оставете да делува најмалку саат време;
  • серум за оштетени врвови: нанесете многу мала количина од производот на влажна коса пред фенирање или на сува коса на врвовите за да и дадете сјај, а воедно и заштита од надворешните услови.
  • крема за тело: нанесете го после туширање со благи кружни движења и уживајте во прекрасно мазната и мека кожа.

Кокосово масло- незаменлива нега за кожата

Маслото од кокос може да ви помогне во многу ситуации. Може и да замени добар дел од козметичките производи за кожа што веќе ги користите.

Ако го искомбинирате кокосовото масло со сода бикарбона ќе добиете пилинг за лице. Најдобра комбинација за пилинг за тело е со шеќер и сол. Соодносот на сол и кокосово масло треба да биде 1:5.

За да ја нахраните сувата и дехидрирана кожа направете купка со етерично масло од портокал и две лажици кокосово масло.

Ова масло е одлично да го користите и за испукани стапала. Намачкајте ги обилно и облечете меки памучни чорапи и оставете да се впие маслото во текот на ноќта.

Природен лек за измазнување на усните

Нема ништо попривлечно од женската насмевка. Но, сувите испукани усни можат да го направат смеењето болно.

Освен што предизвикуваат болка, сувите усни предизвикуваат неудобност и воопшто не се привлечни.

Повеќето луѓе страдаат од испукани усни. Сувите усни можат да бидат резултат на повеќе фактори, а повеќето од нив можат да бидат избегнати.

Дехидратација.

Најчестата причина за појавата на суви усни е многу едноставна – дехидратацијата. Доколку телото нема доволно вода, тоа ќе го покаже тој недостиг.

Сонце

Кожата на вашето тело значително се оштетува од сонцето, а усните не се исклучок.

Ветер

Доколку ги оставите усните незаштитетни, а има силен ветер, ризикувате да се исушат и да испукаат.

Недостаток на витамини и минерали

Особено треба да внимавате на внесувањето на витамини А, Б, Ц и железо. Недостатокот на железо во крвта (анемијата) може да биде причина за појавата на испукани усни.

Постојано лижење на усните

Доколку постојано ги лижете вашите усни, со тоа вие не им ја давате потребната влажност. Напротив, ќе ги направите уште посуви.

Козметика

Некои кармини и балсами за усни ги сушат усните. Бидете внимателни во изборот на козметика. Избегнувајте балсами за усни кои содржат фенол и камфор.

Дишење на уста

Доколку имате затнат нос или поради друга причина дишете со уста, тогаш најверојатно ќе имате суви усни.

Пушење

Повеќето пушачи знаат дека оваа штетна навика им носи многу непријатни последици. Дел од тие последици се и сувите усни и лошиот здив.

Зачинета храна

Зачините како и сокот од цитрон, можат да доведат до сушење и иритација на усните.

Лекови

Иако некои лекови не доаѓаат во контакт со усните, можат да предизвикаат нивно сушење.

Домашна нега на усни

Измешајте 1 с.л. глицерин со 1 с.л. сок од лимон и 1 с.л. рицинусово масло. Со добиената течност премачкувајте ги усните пред легнување. Остатокот од течноста чувајте го во фрижидер.

Скоро и да нема човек кој нема слушнато за лековитите својства на медот. За меки и нежни усни, секоја вечер пред легнување премачкувајте ги усните со мед.

Краставицата може многу да ви помогне доколку страдате од суви испукани усни. Таа е составена 90% од вода, што значи дека може да им даде влажност на усните.

Едноставно земете парче краставица и поминете со него преку усните.

Гелот од алое вера е одличен сојузник за убава кожа. Тој може да ви помогне да се ослободите од сувите усни.

Нанесете навечер пред легнување или во текот на денот. За тоа време не ги лижете усните. Оставете го да дејствува 45 минути.

Совети

  • Заборавете на лижењето. Плунката во себе содржи ензими кои се предназначени да го започнат процесот на разградување на храната. Тие ензими можат да ѝ наштетат на тенката кожа на усните.
  • Пијте многу вода. Пиењето доволно количество вода не дозволува телото да биде дехидрирано.
  • Заштитете ги усните од сонце или ветер. Користете балсам за усни со висок заштитен фактор ако планирате да го поминете денот под зраците на сонцето. Балсамот за усни ја заштитува кожата на усните и од ветер.
  • Внимавајте на својата исхрана. Внесувајте доволно витамини и минерали, особено железо и витамини А, Б и Ц.
  • Избегнувајте го кофеинот, алкохолот и пушењето. Алкохолот и кофеинот водат до дехидратација на телото

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button